Рецепти

[КАЈГАНА кујна] Ароматични раженчиња со месо и зеленчук

19. јануари 2020 - 14:23 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Месните специјалитети на скара се чини се резервирани за во недела.

За денешниот неделен ручек ви го предлагаме овој рецепт инспириран од медитеранската кујна, проверен од нашата Редакција.

Потребни состојки:

500 грама свинско месо (филе)

2 лажици лук во прав

1 лажица мелен ѓумбир

½ лажичка цимет

4 главици кромид

2 пиперки (црвена и зелена)

500 грама свежи шампињони

Масло за премачкување

Свинското месо исечете го на коцки со големина за на раженче. Посолете го, ставете бибер и другите зачини. Оставете да отстои во фрижидер во добро затворен сад или под најлонска фолија околу 30 минути.

Шампињоните обарете ги цели во солена вода, а зеленчукот исечете го на големи парчиња.

Почнете да ги редите месото, зеленчукот и печурките наизменично на дрвено стапче. Шампињоните ако се малечки оставете ги цели, а ако се средно големи пресечете ги на половина. 

Секое раженче премачкајте го со масло и ставете ги да се печат на загреана скара.

Сервирајте со свежа салата.

Коментирај