[КАЈГАНА кујна] Интегрални кифлички со сусам

По празниците, време е да здивнеме малку и да почнеме да внимаваме на нашата исхрана. Затоа, ви препорачуваме да ги подготвите овие вкусни кифлички кои се прават со интегрално брашно.

Потребни состојки:

300 мл. млеко

200 мл. вода

100 мл. масло

1 квасец(40гр.)

2 лажички шеќер

1 лажичка сол

5 големи лажици бело брашно

700-800 гр. интегрално брашно

За премачкување:

1 жолтка и сусам пред печење, по печење се премачкуваат со маргарин/путер.

Начин на подготовка:

Во сад се става топла вода па се додаваат квасец, бело брашно и шеќер, се мешаат состојките, па смесата се остава да отстои 5 минути.

Се додава топло млеко, масло, сол и интегрално брашно по потреба, се меси тестото и се остава да надојде околу 30 минути.

Потоа, тестото се размесува и се дели на 2 дела. Двете половини се делат на 4 дела.

Треба да имате вкупно 8 топчиња, а секое топче се расукува и се сече на 8 дела, па се прават кифлички.

Откако ќе се направат кифличките, се оставаат да отстојат 20-30 мин. Се мачкаат со жолтка и сусам, и се печат на 200 степени. Откако ќе се испечат, се премачкуваат со маргарин или путер.

На здравје!

*рецепт и фото: Ивана Ставревска-Ѓошевски

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе