Со доаѓањето на есента се враќаме на една од омилените активности – гледање ТВ-серии.
Времето ќе залади, ќе фатат есенските дождови и нема подобра занимација од добра храна и добра серија, во друштво или сами.
Без разлика дали сакате да гледате серија легнати на кревет со лаптопот во скут, во дневна на голем ТВ-екран или на вашиот смартфон додека се возите до работа, ако имате Netflix тоа може да го правите каде и кога сакате.
Најпосетуваната стриминг платформа нуди изобилство на оригинални и откупени содржини, а за вљубениците во добра ТВ-серија, ги одбравме овие 10 што дефинитивно треба да ги изгледате.
Во изборот на тимот на Кајгана има за секого по нешто, иако можеби најмногу ќе се пронајдат вљубениците во добра ТВ-драма.
Погледнете ги трејлерите за десетте серии што ви ги предлагаме, без некој посебен редослед, сите се страшно добри:
You
Stranger Things
Mindhunter
Russian Doll
The Society
Unbreakable Kimmy Schmidt
Grace and Frankie
Good Girls
Pose
Sex Education
Кои од нив ги имате гледано? Кои серии вие би ги ставиле на листата?