[КАЈГАНА препорака] Што да гледате на Netflix во јули?

Александра Спасеска
/ 02.07.2020 / 20:26

Од вчера, стриминг платформата Netflix нуди ризница од нови содржини за своите претплатници.

Покрај премиерите, месецов на Netflix се или ќе бидат достапни и некои постари наслови кои сигурно со задоволство ќе ги прегледате.

Се чини дека ќе почекаме за да може да одиме во кино или да гледаме филм или серија со поголемо друштво во затворен простор, па од Netflix се потрудија да состават програмска содржина во која ќе уживаме од удобноста на нашите домови.

Ние имаме неколку препораки од јулската програма на Netflix. Почнуваме со новата серија „Cursed“ во која главната улога ја игра ѕвездата на популарната „13 Reasons Why“ – Кетрин Ленгфорд. Новата серија „Cursed“ е инспирирана од легендата за кралот Артур, но во овој случај протагонистот не е волшебникот Мерлин, ниту кралот Артур. Серијата ја следи Нимуе - девојката со мистериозни моќи која заедно со Артур е во потрага по волшебникот Мерлин за да му го предадат легендарниот меч Екскалибур. „Cursed“ пристигнува на 17 јули.

Remote video URL

Денеска (2 јули) е премиерата на најновата оригинална серија на Netflix - „Warrior Nun“, која критичарите ја квалификуваат како „ако Бафи беше религиозна хероина“. Во првиот трејлер се запознавме со Ава (Алба Батиста), млада жена која ќе се разбуди во мртовечница и ќе сфати дека во телото носи света реликвија што ѝ дава неверојатна моќ и ѝ ја предодредува судбината – да се бори против злото. Ава неволно се приклучува на древен христијански ред кој се бори против демони, а во трејлерот ги запознаваме и сестрите-воини на Ава. Серијата е базирана на стрипот Warrior Nun Areala на Бен Дан, првпат објавен во 1994 година, во кој се спојува христијанската иконографија со суперхеројска акција.

Remote video URL

Во новиот акционен блокбастер „The Old Guard“ Шарлиз Терон игра бесмртна хероина. Нејзиниот лик повеќе е платен убиец отколку Хајлендер, но тематиката на приказната е поблиска до вториот.

„The Old Guard“ во режија на Џина Принс-Бајтвуд е филмска адаптација на истоимениот стрип на авторот Грег Рука (Lazarus, Wonder Woman) и илустраторот Леандро Фернадез (Deadpool, Punisher: MAX). Главниот лик е Andromache of Scythia или Енди, која поради некоја мистериозна причина со векови е заробена во бесмртен живот.

Заедно со уште неколкумина бесмртни воини таа низ вековите изведува високоризични задачи за богати клиенти. Ени ќе почне да обучува нов бесмртен воин, Нили и заедно со неа и останатите од групата ќе се соочат со нова закана – богат бизнисмен кој дознал за нивното постоење и сака и самиот да добие вечен живот. Тие исто така се соочуваат со еден нов предизвик на модерното време – да останат незабележани во 21. век во кој светот е опседнат со селфиња и насекаде има камери за надзор.

Стрипот на Рука завршува со големо предавство и неизвесен крај, а филмот ја следи таа приказна, па може да очекуваме и продолжение во иднина. „The Old Guard“ ќе има премиера на Netflix на 10 јули.

Remote video URL

Ако ја гледате „Queer Eye“, тогаш ќе го обожавате реалното шоу „Say I Do“ во кое двојки ја добиваат свадбата од нивните соништа. За разубавувањето, храната и декорот се задолжени стилист, професионален готвач и дизајнер на ентериер, откако едниот партнер ја пријавил двојката за изненадна, инстант свадба од соништата. За една недела Џеремаја Брент, Таи Нгујен и Габриеле Бертачини прават магија што гарантира дека ќе ви измами солзи радосници. Серијата е достапна од вчера. Подгответе си марамчиња за плачење.

Remote video URL

Ова се постари филмови кои месецов ќе бидат достапни на Netflix:

About a Boy (2002)

The American President (1995)

Angela’s Ashes (1999)

Atonement (2007)

Behind the Candelabra (2013)

Burn after Reading (1998)

The Courier (2019)

Daylight (1996)

Dr Seuss’s The Lorax (2012)

Enchanted Kingdom (2014)

Flipper (1996)

For a Good Time Call… (2012)

Gladiator (2000)

Golden Shoes (2015)

The Green Mile (1999)

Hot Fuzz (2007)

Jurassic Park (1993)

Jurassic Park III (2001)

Knocked Up (2007)

The Lake House (2006)

The Lost World: Jurassic Park (1997)

Mamma Mia! (2008)

Michael (1996)

Mickey Blues Eyes (1999)

Midnight in Paris (2011)

Nativity 3: Dude Where’s My Donkey?! (2014)

The Nut Job (2014)

O Brother, Where Art Thou? (2000)

October Sky (1999)

Panic Room (2002)

Pitch Perfect (2012)

Revolutionary Road (2008)

RocknRolla (2008)

Schindler’s List (1993)

The Secret Garden (1993)

Session 9 (2001)

Shattered Memories (2018)

Spring Breakers (2012)

Storage 24 (2012)

Tales from the Crypt Presents: Bordello of Blood (1996)

This Is Where I Leave You (2014)

Torque (2003)

The Truman Show (1998)

Twins (1988)

Wolf Creek 2 (2013)

Целосната програма на Netflix за јули погледнете ја ТУКА.

Тагови
реклама

Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Read more

Четири хороскопски знаци кои важат за најжешки во кревет

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Instagram убавица: Ерјона Сулејмани

Read more

Филм & ТВ

Римејкот на „Fresh Prince Of Bel-Air“ е во подготовки и не е каков што очекувате

Read more

Сè што е погрешно со „Hustlers“

Read more

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Read more

Искрен трејлер за „Starship Troopers“

Read more

Сцена

  • play_arrow

Римејкот на „Fresh Prince Of Bel-Air“ е во подготовки и не е каков што очекувате

Читај повеќе
  • play_arrow

Што мислат навистина Џејмс и Ларс од „Металика“ за Лејди Гага?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Hustlers“

Читај повеќе

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Starship Troopers“

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно-фантастичната серија „Raised by Wolves“ доби нов трејлер

Читај повеќе

Двејн Џонсон втора година по ред најплатен актер во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најдобри борбени сцени со Киану Ривс

Читај повеќе

Џаред Лето ќе го глуми Енди Ворхол

Читај повеќе