Кајгана репортажа: 7 дена во Анталија, а безброј впечатоци

Дарко Лазаревски
/ 15.04.2022 / 13:38

Кога Кајгана доби покана од туристичката агенција Фибула Ер Травел да им се придружиме на седумдневна тура низ Анталија, Турција, веднаш и без двоумење одговоривме: „доаѓаме“. Го имаме посетено Истанбул во минатото, но никогаш не сме биле на летување во Турција. Па, си рековме, ајде да видиме како е да се летува некаде каде што не сме биле до сега и каде по многу нешта е различно од здосадените дестинации на Егејот и Јадранот, а да ја искусиме и турската гостопримливост за која толку сите раскажуваат. Одиме по ред.

Полетавме од скопскиот аеродром со лет на Туркиш Ерлајнс и слетавме во Истанбул, од каде продолживме на друг лет до аеродромот во Анталија. Имајте во предвид дека од почетокот на сезоната на летните одмори од Скопје има директни летови до Анталија, а директниот лет трае околу еден ипол час, па трансфер преку Истанбул нема да ви биде потребен.

На аеродромот во Анталија срдечно и со насмевка, но и со освежителни пијалоци и локум не пречека Харис од Фибула. По освежувањето, влегуваме во автобусот на Фибула, со кој во наредните седум дена ќе ја прошетаме Анталија долж и попреку и ќе посетиме сè што е вредно да се види и доживее. Се упатуваме кон Кемер, каде треба да ја поминеме првата ноќ, а Харис од Фибула почнува да не запознава со основните факти за прекрасната покраина Анталија, која има брег во должина од над 400 километри, два милиони жители, површина од 20.723 километри квадратни и привлекува околу една третина од вкупниот број на странски туристи кои ја посетуваат Турција. Нејзиниот главен град го носи истото име Анталија. Анталија е најбрзорастечката покраина во Турција, а за ова е најзаслужен туризмот, но и други развиени услужни сектори, а особено развиено е и земјоделието. Изобилува со плажи, пристаништа, антички градови, културно наследство, модерни и луксузни одморалишта.  Но, ова не би било комплетно без топлото гостопримство со широки насмевки на домаќините и услугата издигната до ниво на совршенство. Со години наназад е особено популарна кај туристите од Скандинавија, Русија, поранешна Југославија, Германија, Англија, Иран, Израел…

Седум дена, безброј доживувања

За седум дена посетивме околу триесет хотели, а од впечатоците и фотографиите би можеле да напишеме книга, но ќе се потрудиме да ги спакуваме во форма на репортажа која нема да биде предолга и ќе ви го задржи вниманието.

Првиот ден се сместивме во хотелот Gypsophilia Club Marine, лоциран во регионот Белдиби во областа Кемер, каде што почнуваат планините Таурус, на брегот на Средоземното Море.

Тоа што е уникатно за овој хотел е што всушност е внимателно дизајнирана ботаничка градина со површина од 60.000 метри квадратни која изобилува со различни растенија и дрва и сите нијанси на зелено. Хотелот има 399 соби, од кои 342 стандардни, 43 фамилијарни, 11 апартмани и три соби со пристап за лица со посебни потреби.

Освен во зеленилото, гостите можат да уживаат во A'la Carte морскиот ресторан со панорамски поглед на морето, италијански A'la Carte ресторан од чија тераса може да го гледаат зајдисонцето на хоризонтот, локален A'la Carte ресторан каде може да ги вкусат уникатните богати вкусови на турската кујна, а во баровите да уживаат во ексклузивните пијалоци.

Неизоставен дел се забавните содржини и спортските активности како аквапаркот, одбојката на плажа, тенисот, кошарката, игралиштето за фудбал, аеробик, гимнастика на вода, пинг понг, билијард, детски забави, шоу на аниматорскиот тим, тематски вечери, забави на плажа и жива музика.

Бевме гости на прељубезни домаќини, од менаџерскиот тим кој лично не пречека за добродојде и ни правеше друштво за време на вечерата, која продолжи со забава со жива музика, до сите вработени во хотелот кои се трудеа да ги доживееме сите содржини на нивниот хотел во искуство како што тие го замислиле.

Наредниот ден го започнуваме со доручек на терасата на ресторанот со поглед на морето и утринското сонце, по што се пакуваме да видиме што наредно ни нудат оваа тура и Анталија.

Заминуваме кон областа Кунду, а попатно посетуваме три хотели: Akka Antedon, Mirage Park и Trendy Lara.

Сите три не импресионираа со дизајнот на ентериерот кој дава впечаток на луксуз, содржините за посетителите, базените, зеленилото, услугата и гостопримството на персоналот.

Во Trendy Lara правиме и пауза за ручек, а понудата во ресторанот изобилува со јадења за сечиј вкус. Десертите се посебна приказна - погледот ни се губи помеѓу разновидните баклави, ситни колачиња, торти и овошни десерти. Вкусовите се врвно уживање за сетилата на сладокусците.

По паузата за ручек и наполнети батерии, се упатуваме кон познатиот Аквариум кој е еден од најголемите на светот, а воедно го има и најголемиот тунел во светот од овој вид долг 131 метар и изобилува со морски видови, меѓу кои и ајкули и ражи во 40 тематски аквариуми.

На посетителите (кои се доволно храбри) им е дозволено и да ги хранат ражите, а колегата Војо без двоумење се одлучува да го направи ова. 

По прошетката низ Аквариумот средуваме импресии и се упатуваме кон хотелот Delphin Imperial во наредната станица Анталија, каде ќе ја поминеме втората вечер. Не зачуди дека хотелот е полн уште во април со гости од сите страни на светот, а не израдува информацијата дека хотелот освен забава во баровите нуди забава и во диско клубот наменет за гостите.

Нашата група составена од колегите од други медиуми, инфлуенсери и блогери без двоумење го прифати предизвикот за ноќна забава (што наредниот ден се покажа како малку мачно за неколкумина од нас кои наредниот ден беа мамурни, бидејќи добрата забава и пијалоците во неограничени количини имаат две страни). Но, за млади (и не толку млади во години, колку во душа).

Третиот ден се упатуваме кон Белек, кој е познат по најлуксузните хотели и одморалишта во Анталија, а со самото влегување во Kaya Palazzo голф ресортот ова ни се потврдува уште со влегувањето во хотелот чија архитектура е специфична, неговиот ентериер кој ги импресионира гостите, пространоста и луксузот.

Шлагот на јаготката и врвот на тоа што претходно го видовме го доживуваме во Regnum Carya, во кој имаат престојувано многу светски ѕвезди, а во кој има одржано концерт и Џенифер Лопез.

Во Белек остануваме и наредниот ден затоа што еден ден не е доволен да се види ни барем дел од целата понуда на луксузни хотели, но и да се искуси забавата која ја нуди на посетителите, вкусната разновидна храна која е врвно подготвена и квалитетната услуга на домаќините. СПА центрите се посебна приказна. На фотографијата подоле е еден од најдобрите во Европа.

Под импресии од Белек, наредниот ден заминуваме кон античкиот град Сиде, богат со историја, легенди и културно наследство кое датира од 2.000 години пред нашата ера, но сега е спој на наследството и модерните одморалишта и врвниот туризам. Придружувани од водич кој ни ја раскажува историјата на Сиде и ни ги покажува археолошките остатоци, стигнуваме до пристаништето кое е исполнето со кафетерии, ресторани и продавници. 

Иако врвната и искрена турска гостопримливост ја почувствувавме секаде, мора да спомнеме дека таа посебно се истакнуваше во Сиде и двата хотели кои ги посетивме тука: Side Royal Palace & Style и Terrace Beach.

Двата се одлични и модерни хотели кои пленат со стилот и декорот и ветуваат незаборавен одмор. Можеби не изобилуваат со перверзен луксуз од типот на хотелите во Белек, но душата, ентузијазмот, искреноста и топлината која ја имаат луѓето во овие два хотели и во Сиде ја ставаме пред целиот тој луксуз во Белек. Во Terrace Beach бевме дочекани и со интонирање на македонската химна пред хотелот и сите гости. Каква чест и почит е ова. 

Плажите во Сиде се посебна приказна и ни оставија најдобар впечаток. Долги, широки, пространи, исполнети со ситен песок и безброј лежалки, гарантираат удобно уживање на плажа и пријатен одмор.

На крај на денот се упативме кон хотелот Kirman Sidemarin каде ја поминавме ноќта. Иако новата сезона за него започнала на само 4 дена пред нашето пристигнување, хотелот имаше солиден број на гости, претежно од Германија. Домаќините ни укажаа чест со покана за вечера во A'la Carte ресторанот, каде ги вкусивме закуските и специјалитетите од традиционалната турска кујна.

Последниот ден се упативме да ја видиме прекрасната Аланија, каде требаше да имаме организирана тура за прошетка со брод, но поради лошите временски услови и дождот турата беше откажана, па ја заменивме со шопинг. Аланија изобилува со продавници за облека од турски и интернационални брендови, а времето беше ограничено и проследено со дожд, па успеавме да видиме само мал дел од тоа што имаше да ни го понуди и да слушнеме дел од историските легенди, меѓу кои и најпознатата за плажата на Клеопатра.

Што не импресионираше највеќе и што ќе ни остане во сеќавање од ова искуство и посетата на Анталија?

Нивото на кое е издигнат туризмот. Пристапот, професионалноста, врвната услуга, ентузијазмот, позитивната енергија на домаќините.

Луксузот тука навистина е луксуз, не само празна клише изјава на хартија за привлекување туристи и продавање на аранжмани.

Ултра ол инклузив тука навистина значи ултра ол инклузив. Од моментот кога влегуваш во хотелот немаш потреба и нема да потрошиш дополнителни средства. Нема скриени трошоци. Дури и за најголемите љубители на храната и пијалоците и гатрономските уживања, како и за најтврдокорните кои се желни за ноќна забава и жедни за пијалоци, се е вклучено и неограничено.

Нема импровизации и се функцонира совршено. Доколку најдете мана или нешто не ви е по ќеиф, веднаш ќе се потрудат да го елиминираат вашето незадоволство и да го претворат во врвно задоволство и уживање.

Шопингот надвор од хотелите нуди безброј продавници, но и модерни шопинг центри. Цените се како да пазарите во Македонија или поевтино.

Има што да видите доколку не сте тип кој сака целиот одмор да го помине во еден хотел. Од историски знаменитости, археолошки остатоци, до модерни тематски забавни паркови, како на пример Land of Legends во кој поминaвме еден ден и имавме можност да се возиме на 65-метарскиот хиперкостер (авторот на текстов се возеше дури два пати и му се отворија сите чакри), тобогани, базени, бескрајна забава за деца и за возрасни, а се протега на огромно пространство и невозможно е да видите и доживеете се за еден ден.

Слатките специјалитети од традиционалната турска кујна, но и од целиот свет. Секој ручек и вечера во хотелите изобилуваат со слатки задоволства, но и најразновидни овошја.

Дефинитивно, оваа летна сезона нашиот избор за летување ќе биде Анталија, и тоа фаворит ни е Сиде. До наредната средба која ќе биде многу скоро, ви благодариме од срце за прекрасното искуство кое ни го овозможивте, Анталија и Фибула.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе