Кака дефинитивно стави крај на фудбалската кариера

Легендарниот Бразилец Рикардо Кака дефинитивно ја заврши својата играчка кариера.

Освојувачот на Златна топка од 2007 година после доаѓањето во Орландо во октомври остави можност да заигра за уште некој клуб, но два месеци подоцна сепак одлучи дека тоа нема да се случи.

„Мојата кариера се завршува овде. Ми беше потребно малку време, но донесов конечна одлука. Подготвен сум да го продолжам фудбалскиот живот и во друга улога“, изјави 35-годишниот Кака.

 

 

Бразилецот на тој начин можеби најавува дека ја прифатил понуда околу која италијанските медиуми веќе некое време пишуваат, а тоа е местото на спортски директор во Милан.

Кака со Милан освои Лига на шампиони, Серија А, Светското клупско првенство, италијанскиот и европскиот Суперкуп.

Тој е еден од четворицата фудбалери кои ја освоиле Лигата на шампионите, Светското првенство и Златната топка, заедно со Роналдињо, Ривалдо и Зинедин Зидан.

Кариерата ја започна во Сао Паоло, а покрај Милан и Орландо во МЛС, настапуваше и за Реал Мдрид.

За репрезентацијата на Бразил одигра 92 натпревари, постигна 29 погодоци и ја освои титулата првак на светот во 2002 година, како и два Купа на конфедерации (2005, 2009 година).

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе