Полуфиналистот во Лигата на шампиони Ајакс го донесе голманот на младинската германска репрезентација Кјел Шерпен од холандскиот второлигаш Емен и веднаш му одржа лекција.
Шерпен (19) по потпишувањето за Ајакс мораше да се искупи бидејќи кога бил помлад навивал за најголемиот ривал Фејенорд и го навредувал амстердамскиот гигант.
Младиот голман пред легендата на Ајакс Марк Овермарс и спортскиот директор Едвин ван дер Сар мораше мораше многу пати на лист да напише „Ајакс е најдобриот клуб во Холандија“.
„Казната“ во стилот на Симпсонови каде Барт мораше да ја научи лекцијата пишувајќи нешто многу пати на табла, беше духовито споделена на профилите на социјалните мрежи на клубот.
Ајакс на овој начин сакаше духовито да одговори на изразеното незадоволство од дел од навивачите што довел играч кој бил навивач на Фејенорд.
Шерпен официјално ќе му се придружи на Ајакс на 1 јули, а моменталната пазарна вредност му е 1,5 милион евра.