Како Александра го извлече Кијану Ривс од „неговиот мрак“?

Блиски луѓе на актерот Кијану Ривс велат дека неговата девојка Александра Грант не само што „му го украде срцето“, туку и „го извлече од неговиот мрак“.

Популарниот и обожаван актер ретко ја покажувал неговата приватна емотивна страна во јавност во текот на неговата 35-годишна кариера.

Минатиот викенд конечно се појави на настан со девојката и ја држеше за рака – Ривс (55) дојде на свеченоста LACMA Art + Film Gala Presented By Gucci во Лос Анџелес со уметницата Александра Грант (46).

Симпатични и ненападни, двајцата срамежливо позираа за фотографите на кои не им се веруваше дека ја имаат приликата да го фотографираат Ривс официјално во двојка.

Кијану и Александра се познаваат од 2011 година, кога соработуваа на двете книги поезија на актерот за кои таа ги направи илустрациите – „Ode to Happiness“ и „Shadows“.

Двајцата исто така работеа на проектот X Artists’ Books во 2017 година.

Заедничкото појавување на црвениот тепих ги потврди гласините дека Кијану официјално има девојка, откако минатиот месец беа видени како влегуваат во суши бар во Западен Холивуд фатени под рака.

Актерот претходно бил поврзуван со Аманда де Каденет, Сандра Булок, Клер Форлани и Софија Копола, но никогаш јавно не се произнесе по прашањето дали е во врска.

Сега неговите блиски луѓе велат дека е „многу среќен“ со Александра која му помогнала да ја преболи загубата на поранешната девојка Џенифер Сајм и нивната ќерка.

Во 90-тите Кијану се забавуваше со Сајм. Двојката доживеа тешка траума – нивната ќерка Ава беше мртвородена еден месец порано од терминот.

Оваа траума беше премногу тешка за Сајм и во 2001 година таа удри со нејзиниот Jeep Grand Cherokee во паркирани автомобили и почина на самото место. Имаше само 28 години.

Токму Александра била таа која успеала после долго време да го убеди Кијану да разговара за неговите емоции и да се соочи со минатото.

„Многу долго време беше во неговиот мрак, но позитивниот став на Александра и нејзината поддршка играа огромна улога во тоа како тој си го смени животот од корен“, вели пријател на актерот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе