Како Ар Кели со години злоупотребува малолетнички, без да одговара за тоа?

Американскиот пејач Роберт Кели, познат како Ар Кели, пред неколку дена е уапсен во Чикаго, неколку часа откако полицијата против него крена неколку обвиненија поради сексуална злоупотреба, пренесува BBC.

Одредена му е кауција од милион долари, а на славниот музичар му е наредено да го предаде пасошот и да не стапува во контакт со лица помлади од 18 години. До апсењето дојде само по неколку недели од прикажувањето на документарецот „ Surviving R Kelly“, во кој се изнесени бројни обвинувања на сметка на 52-годишниот пејач. Меѓу жените кои говорат за сексуалната злоупотреба е и неговата поранешна сопруга.

Кели е обвинет за злоставување на 4 девојки на возраст од 13 до 17 години. Обвинението се состои од 10 точки, а е подигнато недела дена откако адвокатот Мајкл Авенати достави доказ, видео снимка од пејачот со малолетна девојка. Станува збор за снимка на која има 14-годишно девојче, но и уште четири жртви. Според Авенати, снимката е направена во 90-тите години во куќата на Кели. Една од четирите жени пејачот ја запознал кога имала 16 години, кога му побарала автограм. Друга навела дека се запознале на нејзиниот 16 роденден.

Неодамна Buzzfeed објави статија со бројни сведочења на извори блиски до раперот кои тврдат дека Кели 6 жени држел во култ и одредувал што тие ќе јадат, како ќе се облекуваат, кога ќе се капат, кога ќе спијат и кога ќе имаат сексуални односи кои тој ги снимал. Автор на текстот е Џим Дерогатис кој со години го следи Кели и е првиот кој пред неколку децении објави статија за илегалните сексуални односи меѓу пејачот и малолетни девојчиња. Кели во 2008 година беше обвинет во 14 точки за детска порнографија, а поротата тогаш одлучи дека не  е виновен.

Проблематичното однесување на Кели датира од 1994 година, кога се ожени со тогаш малолетната пејачка Алаја. Тие заедно работеа на нејзиниот деби албум, таа имаше 15 години, тој тогаш имаше 27 години. Бракот беше поништен по една година, откако беше откриено дека документите на Алаја се фалсификувани за да може да стапи во брак.

Првата тужба против Кели е во 1996 година од Тифани Хокинс, која побара отштета од 10 милиони долари. Хокинс изјави дека кога имала 15 години, а Кели 24, имала неприкладен сексуален контакт со него, како и групен секс со неа и други малолетнички. Таа тогаш изјави дека се обидела да се самоубие откако Кели ја раскинал врската со неа.

Пејачот тогаш поднесе контра тужба тврдејќи дека Хокинс сака да земе негови пари и дека шири лажни гласини како тој е таткото на нејзиното дете. Четири години подоцна полицијата покрена истрага против Кели, но истата е затворена бидејќи не успеа да најде сведоци.

Во 2001 година Трејси Семпсон поднесе тужба тешка 50.000 долари, тврдејќи дека била принудена на орален секс со девојка со која не сакала да има секс. Тогаш имала 17 години. Пејачот се спогоди со неа, за непозната сума.

Низ текот на годините покренати се уште обвиненија  против Кели од малолетни девојки кои затруднеле од него, а ги натерал да абортираат. Во 2003 година тој беше уапсен на Флорида и против него беше покренато обвинение за детска порнографија. Судијата утврди дека нема доволно докази за претрес на куќата на пејачот и обвинението за детска порнографија од 12 точки беше повлечено. По повеќе од 6 години и бројни одложувања Кели не се појави на судењето, ниту девојката која наводно се наоѓала на снимката. Поротата од 9 мажи и 3 жени утврди дека не е виновен.

Одбраната на Кели се темели на одрекување по сите обвиненија. На 3 февруари 2002 година се појави снимка на која се гледа како Кели силува малолетничка и уринира по неа. За  MTV тој изјави дека тоа не е тој. Случајот стигна на суд во 2007 година и целата одбрана на Кели се основаше на реченицата „Тоа не бев јас“. Врвот на приказната беше и жртвата, тогаш 23-годишна девојка, која пред поротата изјави дека таа не е девојката од снимката, иако 15 пријатели и роднини сведочеа дека станува збор за неа.

Против Кели имаше и кампања за бојкот, но не резултираше со плод. Една од причините за неказнување на сексуални насилници во музичката индустрија е токму затоа што во неа има вкоренета традиција возрасни мажи и успешни музичари да се претставуваат како ментори на млади девојки. Исто така, жртвите се претежно Афроамериканки и на нив никој не им верува кога истапуваат ако жртви, стои во последната епизода на документарецот. Кели со години уживал поддршка од заедницата на Афромаериканците, заедница која веруваше дека е невин.

Адвокатскиот тим на Кели има две карти на одбрана, едната дека „тоа не е тој“ на снимките и другата е дека сака да го линчуваат бидејќи е црнец. Жртвите веруваат дека сега е дојдено времето овој сексуален предатор да ја добие заслужената казна за сè што им има направено на жените во изминатите години.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе