Како аргентинскиот Роки се подготвува за Олимпијадата?
Коронавирусот зема голем замав во Аргентина, па тамошните спортисти се приморани да се снаоѓаат кога станува збор за тренинг и одржување на форма.
Јужноамериканскиот боксерски шампион Жамил Пералта е еден од многуте кои вежбаат во домашни услови. Но, тој од останатите се разликува во тоа што сам си направи справи за вежбање, нормално, импровизирани. Токму затоа го доби прекарот Роки, по Роки Балбоа.
Аргентина ја претставуваше на Олимпијадите во 2012 и 2016, треба да се натпреварува и во Токио, игри кои наместо годинава треба да се одржат наредната, поради пандемијата.