Живот

Како Австрија се справува со вишокот храна?

28. февруари 2020 - 15:11 | М.С.

Во главниот град на Австрија, Виена, секој ден се донираат четири тони прехрамбени производи.

Ова е можно благодарение на повеќе од 200 маркети, продавници и индустриски погони за преработка на храна кои не го фрлаат вишокот храна туку го донираат во непрофитната организација „Viner tafel“.

Повеќе од 350 волонтери на оваа здружение кое постои уште од 1999 година, собираат намирници и ги делат на 19.000 луѓе во околу 100 социјални установи на подрачјето на Виена, како што се јавни кујни, дневни центри, центри за бездомници итн.

На овој начин се искористуваат сите ресурси, се спречува создавање на големи количини на отпад и се чува животната средина.

Ова здружение во Виена минатата година спаси дури 676.206 килограми намирници, што е 12 проценти повеќе во однос на претходната година.

Коментирај