Како Барселона ќе се збогати поради повредите на своите играчи?

ФИФА е должна да ѝ плати сериозна сума на Барселона поради повредите на две ѕвезди на каталонскиот клуб.

Со години постои правило според кое ФИФА мора да ги обештети клубовите за повредите на нивните играчи на репрезентативна должност.

ФИФА мора да ѝ плати на Барселона дури два милиони евра поради претходна повреда на дефанзивецот Роналд Араухо. Но, тоа не е единствениот прилив на каталонскиот клуб од ФИФА.

Откако офанзивниот играч за врска Педри се повреди на четвртфиналниот натпревар на ЕП против Германија, ФИФА е обврзана да ѝ плати повеќе од 700.000 евра на Барселона.

Потврдено е дека Педри претрпел сериозно медијално латерално истегнување на левото колено, што значи дека ќе отсуствува повеќе од два месеци. Вклучени се и 28 дена неактивност, а обештетувањето ќе се пресметува од 2 август до повторното играње на Педри.

Во најдобар случај, Педри ќе се врати на терените на 5 септември, што значи дека Барселона од ФИФА ќе инкасира 719.180 евра. Сумата ќе се зголеми доколку повредата на Педри е од посериозна природа и тој подолг период отсуствува од терените.

Ова правило на ФИФА го опфаќа целиот свет до крајот на Светското првенство во 2026 година, а максималниот капацитет и лимит на програмата за заштита на клубовите на ФИФА е 80 милиони годишно што може да ги исплати чадор-куќата на светскиот фудбал.

реклама

Јапонски градоначалник стана хит поради Џо Бајден

Read more

Во тек истрага за софтверот за контрола во сообраќајот, сомнение за причинета штета на Буџетот од 180 илјади евра

Read more

Одговор на енергетската криза: Макрон предизборно планира шест нуклеарни реактори

Read more

Хороскопски знаци кои најмногу зеленеат од љубомора

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе