Претседателот на каталонскиот клуб Барселона, Жузеп Марија Бартомеу, е подготвен да се повлече од функцијата, но само под еден услов: ако Меси јавно каже дека ќе остане во Барселона.
Лионел Меси веќе испрати бурофакс до клубот каде игра 20 сезони, известувајќи го дека сака да си замине користејќи клаузула во договорот.
Овие настани го разбрануваа фудбалскиот свет и исходот би можело да го смени пејзажот на европскиот фудбал засекогаш.
Веста го потресе фудбалскиот свет и предизвика протести во Барселона, а многумина сметаат дека главната причина зошто Меси сака да си замине е токму Бартомеу, бидејќи капитенот не е задоволен од начинот на кој актуелниот претседател го води клубот.
Шпанските медиуми додаваат дека Меси одлучил да замине, без разлика на ставот на Бартомеу, а има шпекулации и дека Аргентинецот не сакал да одговори на телефонските повици на актуелниот претседател на Барселона.
Барса со години е во пад под палката на Бартомеу, а дното го допре кога изгуби со 8:2 од минхенски Баерн.
Каде погреши Бартомеу? Кога почна да „чкрипи“ во неговиот менаџмент во изминативе шест години?