Како беа направени визуелните ефекти во „Thor: Ragnarok“?
Ако мислевте дека сме далеку од технологијата со која компјутерски може да се креира човечко тело од ништо, размислете повторно. Токму на тој начин беа креирани „двојниците“ на Тор и Хела во хитот на Marvel, „Thor: Ragnarok“.
Во неколку од сцените во „Thor: Ragnarok“, наместо Кејт Бланшет и Крис Хемсворт, на екранот се појавуваа нивните дигитални двојници, креирани од голем тим на аниматори. Импресивниот дел е што доколку никој не ви го кажеше ова, сигурно и понатаму ќе мислевте дека се работи за вистинските актери, што само докажува дека CGI анимирањето нема граници.