Како бесплатна игра заработи 9 милијарди долари?

И покрај тоа што е бесплатна, играчите на играта PUBG Mobile досега на неа потрошиле околу 5,2 милиони долари дневно.

Трошењето пари на бесплатни игри не е задолжително, бидејќи како што кажува самото име - тие се бесплатни. Сепак, една таква игра, PUBG Mobile, штотуку ја надмина границата од 9 милијарди долари во вкупна заработка. Според SensorTower, корисниците на App Store и Google Play ја презеле оваа игра 1,1 милијарди пати и досега трошеле околу 5,2 милиони долари дневно на неа.

PUBG Mobile беше лансирана во март 2018 година, само една година откако бета верзијата на популарниот наслов за PC се појави на платформата Steam и имаше голема корист од тоа што беше првата PC battle royale игра што беше пренесена на мобилни уреди. Секако, на успехот на компанијата Tencent, која ја купи лиценцата за пренесување на играта, секако помогна и војната на компанијата Epic со двете најголеми продавници за апликации, чија игра беше лансирана на телефоните дури две недели подоцна, поради што играта Fortnite не може да се преземе од овие продавници денес.

Иако PUBG Mobile достигна вртоглава добивка благодарение на купувањето на козметички додатоци, падот на пазарот не ја избегна ниту оваа игра. Во првите три квартали од 2022 година, играчите ја симнале PUBG Mobile 104,4 милиони пати, а вкупната потрошувачка изнесувала 1,6 милијарди долари, што е забележителен пад во споредба со истиот период во 2021 година, кога играта била преземена 142 милиони пати и заработила 2,2 милијарди долари.

Анализата на SensorTower не го вклучува BattleGrounds Mobile India (BGMI) - индиската верзија на играта PUBG Mobile - најверојатно поради владините забрани кои го запреа нејзиниот раст и не се достапни за преземање денес. BGMI беше исклучително популарна во Индија, достигнувајќи 100 милиони регистрирани корисници пред играта да биде забранета.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе