Автомобилите со три врати постепено „изумираат“, па ни новиот Volkswagen Golf 8 нема да ја има оваа сѐ понепопуларна варијанта.
Тоа не значи дека згаснува бројот на љубители на овој облик на каросерија, а меѓу нив е и рускиот дизајнер Никита Аксјонов.
Тој ја сподели со јавноста својата визија за Golf 8 со три врати.
Покрај тоа што во неговиот дизајн ги тргнал двете задни врати, тој додал и спортски детали што често ги красеа верзиите на бројни модели со три врати.
Volkswagen за нареднава година ги најави новите верзии на новата генерација на Golf, под ознаките GTI, GTI TCR, GTD и R, кој би требало да располага со дури 400 коњски сили.
Токму развојот на Golf R бил почнат како концепт со три врати, но нема да доживее и таква продукциска верзија.