Живот
Брод на иднината

Како би изгледал првиот футуристички град што плови?

28. ноември 2013 - 19:17 | Б.С.Б.

Freedom Ship International од Флорида е компанијата што го дизајнира пловниот објект во кој можат да живеат 50.000 лица. Во него би требало да има училишта, болници, паркови, аеродроми, касина, уметнички галерии и шопинг центри.

Овој футуристички град во форма на брод ќе има 25 катови, а е долг 1.500 метри. Неговата изградба би чинела околу 10 милијарди долари. Освен 50.000 жители, би можел да прими уште 30.000 дневни гости.

Бродот Freedom би бил најголемиот изграден брод досега.

„Овој проект ќе биде тешко да се оствари, а глобалната економија во последните неколку години не е наклонета кон вакви прогресивни идеи“, смета Роџер М. Гуч, директор на Freedom Ship International.

Тој се надева дека ќе успеат да соберат 1 милијарда долари, пари потребни за да ја започнат изградбата на овој масивен објект, пренесува New York Daily.

Коментирај