АРГЕНТИНСКИ НОВИНАРИ ЈА НАПРАВИЈА СЕЛЕКЦИЈАТА

Како би изгледала фудбалската репрезентација на Југославија денес?

Југославија можела да се пофали со исклучителни фудбалери, а и денес на овие простори се појавуваат одлични играчи.

Аргентинскиот магазин Ole им посвети внимание на играчите од просторите на поранешна Југославија, која последниот настап на Светското првенство под тоа име го имаше во 1990 година.

Аргентинците составија тим со играчи водејќи се по тоа како би можело да изгледа денешната репрезентација на поранешната држава.

Тие наведуваат дека на голот на тимот на поранешната заедничка држава во 2021 година би бил чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак, а во одбраната би играле Шиме Врсаљко, Никола Миленковиќ, Стефан Савиќ и Александар Коларов.

Понатаму наведуваат дека во средниот ред би можело да играат Лука Модриќ, Марцело Брозовиќ, Матео Ковачиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а алтернативи се Адам Марушиќ, Миралем Пјаниќ и Филип Костиќ.

Аргентинските новинари во нападот вклучија двајца играчи - капитените на „змејовите“, Един Џеко и Душан Тадиќ, а алтернативи би биле Душан Влаховиќ, Иван Перишиќ, Стеван Јоветиќ и Лука Јовиќ.

Аргентинците го формираа овој тим врз основа на субјективни мислења за општиот квалитет на играчите кои настапуваат за репрезентациите од овие простори, а не поради моменталната форма со која ваквиот состав би можел да изгледа значително поинаку, особено поради тоа што во сите држави во моментов играат некои нови помлади играчи, како нашите Елиф Елмас и Аријан Адеми.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more
 

Спорт

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе