Како би изгледала кошаркарската репрезентација на Југославија денес?

Шпанскиот спортски дневен весник Marca направи анализа и покажа како би изгледала кошаркарската репрезентација на Југославија ако земјата уште постоеше денес.

Одвреме-навреме светските новинари си играат со претпоставката дека ако Југославија уште постоеше ќе имаше моќни спортски репрезентации.

Водејќи се по оваа премиса, шпански Marca ја „состави“ кошаркарската репрезентација на хипотетичката Југославија во 2020 година.

„Војната донесе крај на големиата победничка балканска држава. Југославија се распадна на повеќе помали земји. Тие имаат освојувано медали, но никогаш како во времето кога беа заедно“, почнува текстот на Marca.

Понатаму Шпанците се прашуваат колку далеку би стигнала кошаркарската репрезентација на Југославија ако таа држава уште постоеше.

„Кога гледаме со каков талент би располагала, одговорот што се наметнува е: Застрашувачки далеку“, објави Marca.

Кој би играл за хипотетичката Југославија 2020?

Плејмејкери би биле Милош Теодосиќ, Василије Мициќ и Горан Драгиќ – две легенди и моментно најдобриот плејмејкер во Европа.

Бекови и крила се Богдан и Бојан Богдановиќ и Немања Бјелица – „неисцрпната офанзивна моќ која би ја разбила одбраната на која било репрезентација на светот“, пишува Marca.

Посебен пасус е одвоен за Лука Дончиќ кој е најдобар европски кошаркар во моментов. „Неговиот талент, квалитет и сестраност го прават играч кој ги покрива сите надворешни позиции, а неговиот напаѓачки арсенал е незапирлив.“

Во поглед на играта под кош, Југославија повторно би била доминантна.

Никола Јокиќ е „играч кој не може да го дочуваат ни во НБА“, а покрај него Marca ги набројува и Дарио Шариќ, Бобан Марјановиќ, Никола Милутинов и Бојан Дубљевиќ.

Интересно е да се напомене дека авторот на текстот не зел предвид ниту еден играч од нашата земја и не ги спомнува репрезентативецот на Босна и Херцеговина Јусуф Нуркиќ и Црногорецот Никола Вучевиќ кои се истакнати играчи во своите НБА клубови.

На крајот на текстот се заклучува дека овој состав би ја ставил во неволја „секоја репрезентација во светот“, вклучувајќи го и американскиот Дрим Тим.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе