Како би изгледале децата на нашите омилени филмски двојки?
Сите имаме омилени филмови и серии во кои има една двојка за која сметаме дека ликовите се совршени еден за друг. Понекогаш актерите кои ги играат тие ликови се партнери и во вистинскиот живот, а поретко стануваат и сопружници и родители. Но, кога не се, тука е вештачката интелигенција да ни помогне да видиме како би изгледале нивните деца.
Еден голем филмски фан за Bored Panda објави компјутерски изменети фотографии на кои покажа како би изгледале децата на омилените филмски двојки, комбинирајќи ги лицата на актерот и актерката токму онакви какви што биле кога се снимал филмот, односно серијата.
Малку чудно, но многу интересно!