
Уметникот Хидрелеј Дилао со помош на вештачка интелигенција се обиде да прикаже како би изгледале ликовите од популарната анимирана серија „Симпсонови” како луѓе.
„Кога гледаме некоја анимација, природно е да ги прифатиме цртаните ликови без никакви проблеми. Навикнати сме на тоа. Се прашав, што ако ликовите тсанат реални и пробав да ги доведам во нашиот свет со помош на вештачката интелигенција”, вели уметникот.




