Компанијата Samsung го подготвува наследникот на моделот Galaxy S20 FE, а сега се појавија и некои детали.
Познатиот типувач на Twitter – ОnLeaks ги објави рендерите за Galaxy S21 FE и тврди дека овој модел ќе биде сличен на стандардниот модел Galaxy S21, но ќе има куќиште направено од пластика коe изгледа како стакло.
За разлика од Galaxy S20 FE, неговиот наследник ќе има 6,4-инчен екран и три камери.
Засега не се познати неговите перформанси, но се очекува дека ќе има моќен процесор со фреквенција на освежување од 120 Hz. Нема да биде изненадување доколку се појави со Qualcomm Snapdragon 888 процесор.
Samsung минатата година го претстави моделот S20 FE во септември, но ќе видиме дали оваа година ќе го претстават моделот S21 FE малку порано.