Како би можел да изгледа новиот VW Golf GTI?

Volkswagen неодамна ја претстави осмата генерација на моделот Golf, а веќе наредната година ќе ги видиме моделите GTI, R, GTI TCR и GTD.

Додека ги чекаме новите верзии на „осумката“, рускиот магазин Kolesa објави рендери кои наговестуваат како би можел да изгледа новиот GTI.

Рендерите се базирани на „шпионските“ фотографии кои го покажаа GTI со малку камуфлажа, така што не е тешко да се замисли како ќе изгледа новиот автомобил кога официјално ќе биде претставен наредната година.

GTI сè уште има суптилен спортски дизајн во однос на стандардниот Golf, така е со години наназад и се очекува да продолжи традицијата.

Дискретните црвени детали и агресивниот преден браник дефинитивно ќе бидат дел од новиот GTI.

Новиот Golf ќе има 256 коњски сили благодарејќи на plug-in хибридниот погон на GTE моделот.

Претставувањето на „осумката“ се очекува во првата половина на 2020 година.

VW Golf се појави во 1974 година. Во своите 45 години постоење има забележано продажба од над 335.000.000 единици. Во ерата на кросовери, Golf и понатаму суверено владее со Европа.

реклама

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Read more

Што се случува доколку секој втор ден правите по 200 склекови?

Read more

Секс-пози за кои луѓето повеќе зборуваат, отколку што ги практикуваат

Read more

Најсмешните новинарски незгоди со животни

Read more

Концепти

Kia ќе претстави 7 нови електрични модели до 2027 година

Read more

Nissan го откри изгледот на долгоочекуваниот наследник на моделот 370Z

Read more

Новиот Nissan GT-R R35 Final Edition ќе развива 710 КС

Read more

Dacia со тизери ги најави новите Sandero, Sandero Stepway и Logan

Read more

Автомобили

  • filter

Ова е новиот кросовер Puma ST на Ford

Читај повеќе
  • filter

Peugeot го претстави новиот 508 PSE со 355 КС

Читај повеќе

Volkswagen го претстави електричниот ID.4

Читај повеќе
  • filter

Renault го претстави новиот Megane Conquest

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск со една изјава ја турна вредноста на Tesla за 50 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Бели, црни, сиви и сребрени - зошто возачите бираат „здодевни“ нијанси на автомобилот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв поглед на новите 2020 BMW M3 & M4 со Top Gear

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зошто Американците не го сакаа легендарното „југо“?

Читај повеќе
  • filter

VW ѝ се „закани“ на Tesla: Ќе произведуваме 500.000 електрични модели годишно

Читај повеќе