Откако Volkswagen на пазарот ги пласираше моделите ID.3 и ID.4, следниот модел којшто ќе го претстават ќе биде продукциската верзија на концептот ID Space Vizzion под називот ID.5.
ID.5 најпрвин ќе се појави во караванска изведба, а потоа ќе биде направена и лимузина.
Ќе биде освежена внатрешноста и ќе биде попросторен и од луксузниот Phaeton.
Volkswagen не објави никакви официјални информации за моделот ID.5, но најверојатно ќе се очекува во две каросериски варијанти.
Познато е само дека ја користи истата MEB платформа која ја користат моделите ID.3 и ID.4.