Како би можелo да изгледа новото Renault Clio?

Иако пред саемот на автомобили во Париз се шпекулираше дека Renault може да го претстави новото Clio токму на домашен терен, тоа не се случи.

Петтата генерација на Renault Clio сепак ќе почека некоја друга прилика за да ја доживее својата премиера, а во меѓувреме продолжува да се претпоставува за тоа каков ќе биде дизајнот на надворешноста на овој автомобил.

Се очекува новото Clio да преземе стилски детали од најновата генерација на патничките автомобили на Renault, како моделите Megan или Talisman, а како тоа би можело да изгледа се обиде да ни претстави сајтот Motor1.com Italia на овој спекулативен компјутерски рендер:

Како што од порано оваа година пишуваше AutoExpress, новото Clio ќе еволуира од актуелната, четврта генерација.

Renault Clio 5 ќе биде базиран на CMF-B механичка платформа која ја користи и новата Nissan Micra, а моторизацијата ќе опфати трицилиндарски 0.9 литарски турбо бензинец, како и нов четирицилиндарски 1.3 бензински мотор со турбо полнач (развиен во соработка со Mercedes).

Неизвесно е дали Renault воопшто ќе им понуди на клиентите дизел мотори во новиот модел, во однос на тоа дека автомобилската индустрија под притисок на власта во многу земји се откажува од овој вид на погонски агрегат.

Се очекува новото Clio да има и одредени системи за полуавтономно возење, па автомобилот ќе може самостојно да го корегира правецот на движење, да забрзува и да кочи, што значи дека технологијата полу-автопилот полека се наметнува и во пониските сегменти на патнички возила.

Renault покрај стандардната ќе понуди и таканаречена „крос“ варијанта од својот компактен модел, која ќе се појави како ривал на Ford Fiesta Active.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе