Како Бил Гејтс и Елон Маск се справуваат со стресот?

Директорите и основачите на големи успешни компании се под стрес на секојдневното живеење како и секој од нас и сите имаат различни начини за справување со тешките моменти.

Најуспешните луѓе ги споделуваат нивните методи за ослободување на стресот од работата.

Бил Гејтс чита пред спиење

Коосновачот на Microsoft Бил Гејтс сака да да се опушти со читање пред спиење најмалку еден час, без разлика колку доцна легнува. Во интервју за списанието Fortune Гејтс сподели и еден совет што го научил од Ворен Бафет во врска со поедноставување на животот.

„Неговата способност да ги разгради нештата, да се фокусира на она што е најважно, да мисли на најосновните работи, тоа е неверојатно. Треба да си посебен гениј да можеш да го направиш тоа“, рече Гејтс.

Ворен Бафет свири на укулеле

Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори во светот, има многу хобија. Ужива да свири укулеле и има настапено во живо на вести.

Според едно истражување на Универзитетот на Калифорнија, активности што ментално ве стимулираат, како учење да свирите на инструмент, помага во намалувањето на стресот.

Шерил Сендберг го исклучува телефонот навечер

Оперативната директорка на Facebook Шерил Сендберг вели дека не е во прашање тоа што го пртавите, туку што не правите. Таа се труди да се дистанцира од социјалните мрежи и проверување на електронската пошта и затоа навечер го исклучува телефонот.

Таа вели дека на тој начин ништо не ја вознемирува во текот на ноќта и може мирно да се наспие, што ѝ помага да се справи со стресните ситуации во текот на денот.

Елон Маск директно се соочува со неговите стравови

Во 2008 година светската економија беше нестабилна, автомобилски компании банкротираа, а Tesla поминуваше низ тежок период. Главниот извршен директор на оваа компанија Елон Маск, се разведуваше во тој период. Сепак, тој успеа да го надмине тешкиот период и да напредува, носејќи паметни одлуки.

Како му успеа тоа? На самитот Dublin Web Summit во 2013 година тој откри дека тајната е во тоа како се справувате со стравот и дека големите претприемачи во Силиконската Долина едноставно не се плашат и да доживеат неуспех.

„Стравот е конечен, надежта е бесконечна. Страв ни е од неуспех, но тоа не нѐ спречува да се обидеме“, рече тој.

Џеф Безос се смее многу

„Ако ме прашате мене, многу се смеам“, рече основачот на Аmazon во интервју за Academy of Achievement. Безос додава дека голем дел од стресот се должи на игнорирањето на работи што не треба да ги игнорирате.

„Стресот обично потекнува од непреземањето мерки за работите врз кои всушност имате контрола. Имам забележано дека откако ќе го идентификувам проблемот, ќе го направам првиот телефонски повик или ќе го пратам првиот мејл за да се реши раотата, дури иако не е целосно решена, ми дава чувство дека се справувам со ситуацијата. Тоа значително го намалува стресот од помислата дека нештата стојат во место.“

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе