Како Бугаринот Петар Драганов уште во XIX докажувал дека македонскиот е посебен јазик

Петар Даниилович Драганов (1857 Комрат, Русија - 1928 Комрат, СССР) бил познат руски научник од бугарско потекло, филолог и славист и основоположник на изучувањето на македонскиот јазик во Русија, кој ја популаризирал идејата за посебен македонски јазик, за кој дознал за време на престојот во Македонија, каде што работел како професор во бугарско егзархиско училиште, но откако му станале јасни настаните на терен одбил да го промовира бугаризмот и престанал да работи. За македонскиот јазик пишувал најмногу во текот на 80-тите и 90-тите години на XIX век.

• 1894 •

Кај Македонците има очајни Бугари и очајни Срби, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти, кои велат дека тие (Македонците, заб. на прев.) не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и Душан Српски.

• • •

Србите, а особено Бугарите, го презираат македонскиот говор и ме напаѓаат затоа што препорачувам некаква посебна македонска литература. Тие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт, колку и да е мала, и дека не ја измислив јас.

• • •

Познато е дека некои србомани, на чело со М. Веселиновиќ, во печатот ме клеветеа дека, наводно, во Солун сум ги препишувал примерите од српската народна поезија, кои ми беа доставени, на бугарски начин... Познато е и дека некои бугарски автори со егзархиски пропагандисти во Македонија констатирале (и во печатот) дека јас како чист Бугарин по потекло сум малку и недоволно Бугарин... некои дури тврдат дека сум лош Бугарин и дека сум ја продал бугарската кауза.

• • •

Голем дел од она што веќе го имам испечатено за македонскиот говор... и она што допрва имам намера да го испечатам на оваа тема, јасно покажува дека многу го сакам тој говор и му посакувам, спротивно на српските и бугарските желби, долговечност и, ако сакате, литературен развој. Во исто време, давам многу докази дека Србите, а особено Бугарите, едноставно го презираат тој говор и ме напаѓаат дека не се однесувам со почит и доверба кон нивните големи политички идеи и како да препорачувам некоја посебна македонска литература. ...Овие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт, колку и да е мала, и дека јас не сум ја измислив. Зарем јас ја отпечатив збирката на браќата Миладиновци (не е важно што Хрватите во Загреб ја објавија како „бугарска“, со глупаво и наумесно Ѫ)? Дали јас го измислив јазикот и тенденциите на Пулески, Шапкарев, А. Ресенец, Партение Дебарски, во споредба со кои јас и Дринов, како и Верковиќ и Сирко сме странци...

Бугаринот Петар Даниилович Драганов (1857-1928) е доследен македонолог и основоположник на македонистиката во Русија, афирматор на македонската национална свест, на македонскиот јазик и литература, на македонскиот фолклор и етнографија и на македонската историја и култура на крајот од XIX и почетокот на XX век, објави Македонски документи у Србији.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе