Како црвенокосите ја наследуваат бојата на косата?

Претходно се веруваше дека само еден ген одлучува дали некој ќе наследи црвена боја на косата, но излезе дека не е така. Природната црвена боја на коса е многу ретка, само 1 до 2 проценти од светското население се црвенокоси.

И додека порано се мислеше дека само еден ген контролира дали некој ќе се роди со црвена коса или не, ново истражување открива дека станува збор за повеќе гени. Во студија опишана како најголемата генетска студија за бојата на човечката коса, научници од Универзитетот во Единбург анализирале ДНК на скоро 350.000 луѓе, споредувајќи ја ДНК-та на црвенокоси луѓе со ДНК на луѓе кои имаат црна, руса и кафена коса.

Претходно, научниците мислеа дека генот MC1R одредува дали некој ќе се роди со црвена коса, но сега научниците открија дека постојат 8 генетски разлики меѓу црвенокосите и останатите.

Претходните студии покажаа дека црвенокосите наследуваат две верзии на генот, по еден од биолошките родители. Но, секој кој има две верзии на генот автоматски нема црвена коса. Научниците дошле до заклучок дека овој ген сам по себе не значи ништо, дека други генетски варијации одредуваат дали генот ќе биде вклучен или не.

Тие откриле дека скоро 200 гени се поврзани со руса и кафена боја на косата. Едно од необичните откритија на студијата е дека многу од овие генетски разлики повеќе влијаат на текстурата на косата, отколку на бојата.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе