Досега само некои Android уреди ја поддржуваа оваа опција, а сега сите Instagram корисници, вклучувајќи ги оние со уреди со iOS оперативен систем ќе може да ја активираат опцијата Dark Mode (темен режим).
Instagram официјално, на својот Twitter профил објави дека Dark Mode е достапен за сите iOS 13 корисници, односно стотици милиони луѓе ширум светот кои своите iPhone или iPod уреди ги имаат ажурирано со новиот оперативен систем, како и за сите Android 10 и Android 9.0 Pie корисници.
Треба да се активира Dark Mode во системот и автоматски, по ажурирањето на апликацијата на верзијата од 8 октомври ќе имате Dark Mode и на Instagram.
Засега темниот режим функционира само така, а наскоро ќе биде внесен и како опција во менито на самата апликација.