Како да блокирате несакани повици?

Без оглед на причината зошто сакате да блокирате нечии повици, оперативниот систем Android нуди решение како дел од својата апликација за повици и неколку трикови скриени во поставките.

Несаканите повици се дефинитивно една од поиритирачките несакани ефекти од животот во дигиталната ера, но секогаш е можно да се блокира нечиј број.

Android доаѓа со вградена опција за забрана на повици што е ефикасна ако постојано ви ѕвони истиот број. Така се блокира повикот на „чист“ Android 11, но можно е кај вас да се разликува малку процесот поради различните производители и нивните варијанти.

Ако вашиот смартфон ја нема оваа опција, ви предлагаме да ја инсталирате апликацијата Google Phone.

За да блокирате број што неодамна ве барал, отворете ја апликацијата Phone и префрлете се на листата со последни повици. Таму, притиснете и држете го прстот на бројот и во менито што се појавува, изберете Block/report spam.

Можете да го блокирате посакуваниот број и да го пријавите како спам - ако го блокирате бројот од приватни причини, полето за спам можеби не е потребно. Откако ќе одлучите што сакате, притиснете Block и тоа е тоа.

Ако сакате да блокирате број што не е на листата последни повици, притиснете ги трите точки во горниот десен агол и потоа изберете Settings. Пронајдете и изберете Blocked numbers во листата и таму ќе ги видите сите броеви што сте ги блокирале.

За да додадете блокиран број, изберете Add a number. Ако сакате да блокирате повици обележани како Private, Unidentified или нешто слично, само активирајте Unknown. Бидете претпазливи да не ги блокирате автоматски сите повици од броеви што ги нема во вашиот именик.

Постои уште едно мени што би можеле да го посетите ако ви досадуваат несакани повици на Android: Caller ID & spam, што се наоѓа во Settings. Таму можете да најдете многу опции што можат да ви помогнат да препознаете спам.

Вклучете ја опцијата See caller and spam ID и вашиот уред ќе ги прикаже информациите за повикувачот дури и ако го немате бројот во именик. Потоа, опцијата Filter Spam Calls автоматски ќе блокира повици за кои смета дека се спам.

Друга корисна опција е Verified Calls, со која Google означува проверени компании. Ако го поврзете вашиот телефон со профил на Google и ја овозможите оваа опција, Google ќе објасни зошто таа компанија ве повикува. На пример, ако порачате храна и ако ви се јави лицето за испорака, во повикот ќе стои „Вашата храна пристигна“ или нешто слично.

Тагови
реклама

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе