Рецепти

Како да ги направите највкусните компирчиња во рерна?

13. март 2019 - 16:23 | МИА

Вака подготвените „пржени” компирчиња се многу вкусни, а и многу поздрави од тие што ќе ги испржите во масло.

Потребно е:

компири, неколку белки од јајца, зачини по желба

Подготовка:

– Компирите излупете ги, измијте ги убаво и исечете ги на тенки ленти (како за помфрит). Исушете ги убаво со салвета.

– Белките (колку белки ќе ви требаат зависи од количината на компири кои сакате да ги печете) изматете ги убаво со вилушка и внатре додадете ги зачините, по вкус.

– Исечените компири потопете ги во изматените белки и распоредете ги во тава обложена со хартија за печење или пак само намастена со масло.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 Целзиусови степени додека не поруменат.

– Белките во текот на печењето ќе ги направат компирчињата крцкави и нема да бидат воопшто масни.

Коментирај