Како да ги натераме китовите да имаат секс?

Судбината на црните североатлантски китови, вид со само 450 примероци останати во дивината, станува уште понеизвесна.

По катастрофалната 2017 година, кога беа регистрирани најмалку 17 смртни случаи на црни китови, се појави информацијата дека оттогаш не се забележани нови младенчиња.

Тоа што овие китови немале потомство веќе една година, ги загрижува научниците кои се обидуваат да ги спасат и одржат овие величествени суштества. Дали можеме да направиме нешто за да ги поттикнеме црните китови да се парат повторно?

Мојра Браун од Центарот за океански живо т „Андерсон Кабот“ при аквариумот Њу Ингланд се занимава токму со ова прашање. Две од возрасните женки што умреа лени беа токму во екот на репродуктивното доба, нагласува таа. Тоа значи дека остануваат околу 100 возрасни женки од овој вид во дивината.

„На тоа се потпира опстанокот на црните северноатлантски китови – 100 возрасни женки – а тоа не е многу и целата работа би можело да заврши многу лошо за многу брзо време“, вели таа.

Некои научници проценуваат дека овој вид би можело да биде истребен за само 23 години, освен ако не се подобрат шансите за репродукција.

Китовите обично се парат во водите во близина на југоисточниот брег на САД, во близина на Флорида и Џорџија, но се хранат на друго место. Омилените места за ловење им се менуваат одвреме-навреме – лани, на пример, беа забележани во повеќе од очекуваниот број во близина на Заливот Сент Лоренс во Канада. Имаше неколку пријавени случаи на заплеткани китови во рибарски мрежи таму, од кои дел завршија фатално. Меѓутоа, и тие инциденти не се толку заслужни за опаѓањето на бројот на овие китови колку намалувањето на нивната способност за парење.

Научниците сметаат дека заплеткувањето во мрежите е трауматично искуство за китовите, што за некои животни трае и со години. Како одбранбен механизам на оваа траума, женките се инхибираат и одбегнуваат да бидат оплодени.

Научниците исто така се едногласни дека најдобар начин да им се пружи шанса на китовите да се вратат на навиките за парење е да им се тргнеме од патот, односно да ги намалиме шансите да бидат заплеткани во мрежи и да се надеваме дека ќе имаат доволно енергија да се спарат.

Тие додаваат дека нема друг начин да им се помогне да се поттикнат да имаат секс, бидејќи станува збор за огромни морски цицачи. Исто така, имат голем апетит, па привлекувањето на китовите со храна на друго место за парење би чинело многу пари. Поевтино би било а се откупат рибарските компании и да се отстранат јажињата и мрежите од водата каде што се собираат за парење.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе