Љубов и секс

Како да ги препознаете мажите кои изневеруваат?

19. април 2019 - 14:50 | Б.С.Б.

Ново истражување покажува дека мажите со помажествени црти на лицето се повеќе склони на неверство.

Научници откриле дека мажите кои имаат поизразена вилица и потенки усни почесто ги изневеруваат партнерките, но и се повеќе склони да „украдат“ нечија туѓа жена. Во истражувањето учествувале 299 мажи и 452 жени, а сите гледале фотографии на мажи и ги оценувале од 1 до 10 колку се тие склони кон неверство.

Фотографираните мажи потоа сами на себе си дале оценка во однос на тоа колку се склони кон неверство и преземање туѓи жени.

Фотографираните мажи со помажествен изглед признале дека се склоно кон неверство, а истото тоа за нив го рекле и учесниците во истражувањето кои ги оценувале фотографиите.

Но, и покрај резултатите од ова истражување, веројатно не е толку паметно според основа на цртите на лицето да проценувате дали некој маж е склон кон неверство.

Коментирај