Како да ги преживеете секс сцените во „Game of Thrones“ во незгодно друштво?

Winter is coming, а за обожавателите на „Game of Thrones“ тоа значи крв, предавство и многу, жешки секси сцени.

Колку и да ги обожаваме овие сцени (покрај останатите, секако), многу често ја гледаме новата епизода од омилената ТВ-серија во друштво и тоа знае да биде малку незгодно. 

Во зависност од тоа дали гледате со братот/сестрата, со симпатијата, со цела фамилија или со поширокото друштво, следете ги овие совети и суптилно ибегнете да ви се случи awkward moment кога ќе дојде редот на секс сцените.

Диверзија со смрт

Кога ќе почне секс сцена меѓу Серсеи и брат ѝ додека ја гледате новата епизода заедно со братот/сестрата, почнете да набројувате најдобри сцени во кои биле убиени главни ликови во серијата, со сите крвави, одвратни детали... Што било само да не мора да зборувате за сцената што ја гледате сега.

Диверзија со кученце

Ако гледате со симпатијата и (конечно) се случи првата секс сцена меѓу вашите омилени ликови, намалете ја сексуалната тензија со неутрален муабет за смешни видеа со кучиња. Тоа е толку невино и слатко. Плус ќе знаете дали сака кучиња или си го губите времето.

Диверзија со политика

Гледате „Game of Thrones“ со родителите (бидејќи имате супер кул родители и тоа е фантастично) кога одеднаш почнува секс сцена што е прилично деградирачка за жените. Решение? Се вртиш кон мајка ти и ја замолуваш да изгугла колку жени пратенички има во Парламент и на раководни функции. Тоа ќе ја позанимава некое време.

Диверзија од искуство

Во случај да гледате слична сцена со татко ти, во критичниот момент на целосна голотија на цел екран, почни да кашлаш неконтролирано и прати го татко ти по вода. Сигурно знаеш како оди тоа, кога беше дете тој те праќаше по вода кога имаше бакнување на ТВ.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе