Како да ги пронајдете најдобрите ресторани во светот: Водич на Ентони Бордејн

Добрата храна и добрите ресторани ги има насекаде, но кога патувате е малку потешко да ги пронајдете. За да го пронајдете совршениот ресторан каде храната ќе биде вкусна а услугата врвна, познатиот готвач и ТВ водител Ентони Бордејн реши да сподели неколку совети со вас.

Ентони Бордејн пропатува преку 130 земји како водител на шоуто „Anthony Bourdain: Parts Unknown“ и тој знае дека наоѓањето на добар ресторан во непозната држава може да биде пеколно тешко, посебно ако не знаете да го зборувате локалниот јазик.

Првото нешто на што треба да внимавате, според Бордејн, е да не одберете ресторан кој има ставено слики од јадењета, било да е тоа во менито или во рамки закачени на ѕидот. Тој вели дека најдобрите ресторани се оние во кои јадат локалците, а на нив не им е потребна слика за да одберат каде да јадат, туку едноставно знаат што да очекуваат од храната таму.

Бордејн вели и дека не треба да се плашите од ресторани чие мени се состои од само неколку видови на јадења. Тоа најчесто е добар знак, бидејќи ви дава до знаење дека готвачот си ја знае кујната, а и работата.

Спротивно на она што ќе ви го каже секој друг човек, Бордејн тврди дека некои од најдобрите ресторани имаат нечисти тоалети и примаат миленици во нивните простории.

„Порано велев дека нечист тоалет е знак дека не треба да јадете во тој ресторан, но сега се уверив дека спротивното е точно. Некои од најдобрите јадења кои ги имам пробано доаѓале од места на кои не им било гајле како изгледа тоалетот. Таму знаат дека храната им е добра, и тоа им е доволно“, вели Бордејн.

Тој препорачува да ја следите групата туристи кога одите на патување во непозната земја. Тие веројатно се веќе упатени каде треба да јадат, па резултатот многу веројатно ќе биде вкусна храна. Она што тврди дека мора да се избегнува е било кој совет за храна кој ќе ви го понуди Американец.

„Ако следите група Американци како одат кон некој ресторан, или ви го препорачаат тој ресторан, ве молам веднаш оддалечете се од нив бидејќи тие не знаат ништо за добрата храна“, завршува Ентони Бордејн.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Живот

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Read more

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Read more

Кој ќе ги наследи милионите на модната легенда Роберто Кавали?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе