Како да ги стопите калориите без вежбање?

А.С.
/ 20.02.2024 / 16:33

Не треба да плаќате скапи членарини во теретана за да ослабите. Можете да се ослободите од вишокот килограми и без да вежбате или да држите строги диети.

Секојдневните задачи како чистење, градинарство или шопинг исто така согоруваат калории. Покрај тоа, верувале или не, дури и ако работите на добро држење на телото и спиете повеќе, ќе забележите значителни промени во вашето тело.

Еве шест лесни начини за слабеење и за да го доведете вашето тело во подобра форма.

1. Правилно држење на телото

Според д-р Холи Филипс, исправеното држење го подобрува протокот на кислород во телото. Ова обезбедува повеќе енергија во текот на денот, што значи дека можете да бидете поактивни. Доброто држење на телото исто така ќе ве направи визуелно послаби. Исправете го грбот, кренете ги рамената и дишете длабоко.

2. Излезете во градината

Дали сакате да вежбате, но да не одите во теретана? Градинарството е одлична алтернатива. Косењето трева согорува просечно 400 калории на час. На второ место е работата со мотиката во градината што согорува 250 калории на час, додека еден час плевење ќе согори 175 калории.

3. Пијте повеќе вода

Истражувањата покажаа дека пиењето вода помага во слабеењето.

4. Исчистете го домот

Ако мразите вежбање и чистење, можете да убиете две муви со еден удар. Мора да го одржувате вашиот дом чист во секој случај, а бришењето  прашината и метењето се слични на вежбање. Со други зборови, чистењето е ефикасно за согорување калории. Истражувањата покажаа дека ако трошите 18 часа месечно на чистење, ќе согорите околу 4.000 калории.

5. Добар ноќен сон

Кога спиеме, согоруваме во просек околу 300 калории. Квалитетниот сон исто така ни помага да го наполниме телото со енергија, што ќе нѐ одржува активни во текот на денот, и е одлична алатка за справување со акумулираниот стрес, што исто така придонесува за зголемување на телесната тежина.

6. Почестете се со шопинг

Купувањето не се нарекува форма на терапија без причина. Ако сакате да го зголемите бројот на чекори што ги правите во еден ден, можете да шетате низ продавниците и да го комбинирате удобното со корисното. Претходните истражувања покажаа дека просечната жена троши 385 калории неделно само со пазарење.

Продолжете да читате >>> Не се 10.000: Нова студија откри колку чекори треба да правите дневно за да бидете здрави

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе