Веројатно веќе ви се случило да купите компјутер со инсталиран Windows оперативен систем, а на него да добиете уште купче апликации кои никогаш не би ги инсталирале сами и никогаш не ги користите.
Ако ова ве нервира, Microsoft нуди алатка која ќе го реинсталира Windows од почеток, чист и без било какви додатоци кои прозводителите се почесто ги ставаат на своите компјутери (bloatware).
Пред да ja симнете и активирате Windows 10 Fresh and Clean Start алатката, направете си резервна копија на податоците и прочитајте сè што би требало да направите пред реинсталацијата.