Здравје

Како да го изгубите вишокот килограми без диети и изгладнување?

10. октомври 2019 - 14:24 | М.С.

Многумина од нас се обидуваат да го изгубат вишокот килограми во некој период од животот. Честопати, посегнуваме по макотрпни диети кои честопати се проследени со изгладнување.

Наместо диета, обидете се да останете во фит форма со помош на овие едноставни совети.

Додајте здрави масти во вашата исхрана

Кога се обидувате да го намалите внесот на калории, треба да го намалите внесот на млечни производи и путер. Консумирајте здрави масти и јаглехидрати кои се варат подолго време и ве одржуваат сити.

Не го надополнувајте бројот на изгубените калории по вежбањето

Најголемата грешка што ја правите е тоа што ги надокнадувате калориите после вежбањето. Се тешите себеси со фактот дека по тренингот сте потрошиле енергија, па сега може да јадете што сакате.

Гответе со маслиново масло

Маслиновото масло има хранливи состојки кои се корисни за вашето тело. Некои научници сметаат дека мирисот на маслиново масло ја одложува гладта.

Јадете со уживање

Апетитот се регулира со хормонот грелин. Неговата количина расте кога сте под стрес и се намалува кога ќе почувствувате задоволство додека јадете. Доколку јадете полека и со уживање се заситувате и на тој начин ќе останете сити подолго време.

Јадете темно чоколадо

Чоколадото има позитивно влијание на вашето здравје и може да ви помогне да ја одржите посакуваната тежина. Освен тоа, темното чоколадо е вкусно и одлична замена за калоричната слатка храна.

Исто така, погледнете го новото видео на YouTube каналот Fit Father Project во кое има корисни совети како да се храните здраво и да слабеете кога имате густ распоред и немате време за вежбање.

Коментирај