Ако внимавате на линијата, ова се супер совети за вас. Желбата за храна може да биде емоционална, психичка или физичка, но понекогаш се појавува како последица од стрес, нервоза или досада.

Затоа е добро пред да посегнете пред нешто благо или солено, да размислите што е тоа што ве тера да јадете. Кога сте навистина гладни, јадете бавно и бирајте намирници богати со протеини и влакна.
Обидете се да ги победите изворите на стрес, умор и нервоза, ублажете го апетитот со помош на овие трикови со кои ќе се надмудрите самите себе.
Често недостатокот на течности во организмот го подразбираме како чувство на глад. Одличен начин за запирање на ова е да испиете една чаша вода во која може да додадете и малку лимон. Добар избор е и незасладен чај.
Најдобриот начин да ја победите желбата за храна е појадокот, кој треба да биде обилен и здрав. Почнете го денот со оброк кој ќе ви даде енергија за целиот ден пред вас.
Пред главното јадење, оброкот секогаш започнете го со чинија топла супа. Супата ќе ве засити до некоја мера па по неа ќе јадете помалку. Таа е совршен избор за намалување на апетитот и одржување на саканата телесна тежина. Вкусната супа од зеленчук ќе ве засити, додека и голема порција салата подеднакво ќе ви даде чувство на ситост. Со секој оброк јадете и салата подготвена од различен зеленчук, зачинета со малку сол, маслиново масло и јаболков оцет.
Влакната го намалуваат апетитот. Зеленчукот, овошјето, житарките од цело зрно, мешунките се извор на растителни влакна и содржат голема количина вода.
Колку повеќе растителни влакна содржи оброкот толку посилно ќе биде чувството на ситост, а со тоа ќе се намали и апетитот. Влакната имаат влијание на хормоните кои го смируваат апетитот.
Протеините исто така обезбедуваат да бидеме долго време сити и така да внесеме помалку калории во организмот. Намирници богати со протеини се риба, месо, јајца, ореви и слично.
Внимавајте да спиете најмалку 7 или 8 часа, квалитетниот сон помага во одржувањето на вита линија.