Како да го извадите максимумот од вашиот iPhone?

Вашиот iPhone може да ви помогне на многу повеќе начини отколку што мислите, само треба да ги откриете сите негови карактеристики и можности. Ако знаете да ги користите, телефонот ќе стане неопходна и корисна алатка во вашите раце.

За да ги најдете овие опции, треба да пристапите преку Settings -> General -> Accessibility.

Една од најкорисните можности е Invert Colors, која буквално ќе ги стави сите бои на телефонот во негатив. Оваа опција е многу корисна кога екранот на вашиот iPhone ви е премногу светол или пак кога сте на сонце, па не ги гледате боите најдобро. Таа се активира преку Invert Colors опцијата во подменито Display Accomodations.

Кога сме кај екранот, понекогаш текстот може да биде тежок за читање поради малиот фонт кој го користи Apple. Ако тоа ви претставува проблем, тогаш отидете во Larger Text опцијата и зголемете го фонтот. Доколку пак ви претставува проблем да видите некол детаљ на екранот, активирајте ја опцијата Zoom. За неа нема потреба да пристапувате до посебно мени, туку треба да искористите три прсти. Со тапкање на три прсти ќе го зумирате целиот екран, а со влечење на три прсти по екранот ќе зумирате во посебен дел од него.

За луѓето кои имаат проблеми со видот, нивниот iPhone може да служи како леќа за зголемување. Со опцијата Magnifier, вашата камера ќе биде претворена во леќа и ќе можете да ги прочитате дури и оние ситни букви на пакувањето на производот кој го држите во рака.

Секогаш кога ќе го затресете вашиот iPhone, тој ќе ве врати назад една постапка и ќе служи како копче Undo. Но, бидете внимателни бидејќи оваа опција може да биде многу чувствителна. За да ја вклучите или исклучите, одете во Accessibility Settings -> Shake to Undo.

За крај, тука е Siri. Можеби таа не е најдобриот асистент кој можете да го имате, но е повеќе од корисна околу едноставните задачи кои ќе ѝ ги зададете. Кога и да ви биде потребна помош, повикајте ја Siri и оставете ѝ да си ја врши работата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе