Како да го надминете стравот од игли кога треба да се вакцинирате?

Голем број луѓе не го сакаат моментот кога добиваат инјекција бидејќи чувствуваат непријатност или неудобност, но некако успеваат да го надминат тоа. Но, има и луѓе кои ги обзема страв, па дури и паника при самата помисла на убод од игла.

Иако едноставната инјекција или вадењето крв ретко боли, некои луѓе во таквите ситуации често доживуваат необјасниви стравови. Голема улога има и стравот од несвестица и со тоа губење контрола над сопствените постапки.

Експертите тој страв од крв го припишуваат на еволуцијата и фактот дека крвта уште во минатото значи опасност. Телата на нашите предци во слушај на опасност одговарале со движења програмирани за случај на опасност. Тоа значи дека крвниот притисок и бројот на срцеви отчукувања брзо опаѓаат. На тој начин телото може да обезбеди што помало губење на крв во случај на повреда, а истовремено се олеснува згрутчувањето на крвта, пишува Deutsche Welle.

Но, постојат сериозни ограничувања и панично однесување кое според докторите не е страв, туку фобија којашто ги погодува младите и децата. Тие особено често се плашат од шприц и игла. Во очите на децата може да изгледаат застрашувачки.

Иако многу деца воопшто немаат искуство со тоа, плачат како да станува збор за живот и смрт. А, ако постои непосредно негативно искуство, кога не е погодена вената од прв обид, стравот често останува.

Една од последиците може да биде страв од вакцинација и одбивање. Тоа може да има последици по здравјето. Долгорочно помага когнитивно-бихејвиоралната терапија. Оние кои имаат стравови мора прво да се научат со тоа да се носат на психолошко, па на физичко ниво.

Емпатија со пациентот често помага нападите на паника да се стават под контрола, пишува DW.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе