Ако сакате да ги намалите калориите во оброците што ги подготвувате, а сепак да јадете убаво, можете да започнете со замена на кремот за готвење со обичен јогурт.
Наместо компири или тестенини, со печено, динствувано или варено месо, секогаш можете да подготвите зеленчук на пареа. Најдобро е да го сварите така што над тенџерето во кое се вари водата ќе ставите перфориран сад со зеленчукот.
Ваквото готвење ги задржува хранливите материи во зеленчукот и не собира непотребни калории како при пржење или печење на масло.
Доколку сакате пржена храна, секогаш постои можност истата храна да се испече во рерна. Подгответе го месото или зеленчукот на ист начин како за пржење. Ставете хартија за печење на плехот и печете го месото околу 25 минути на 180 степени Целзиусови во рерна со вентилатор или на 200 степени без вентилатор. Имајте на ум дека не се сите зеленчуци исти, па така модрите патлиџани ќе ги печете 15 минути на 210 степени.
Во зимските салати како француската, мајонезот можете да го замените со варени жолчки измешани со маслиново масло, јогурт и лажичка сенф, што на домашно приготвениот сос ќе му даде пикантна арома.
Колачињата, овесната каша и слични јадења може да ги засладите со суво овошје или сос од урми. Можете да го натопите сувото овошје, да го исечкате или да го измешате и со него да ги наполните палачинките.