Како да го напишете совршеното мотивационо писмо

Уредното и богато CV е добар прв чекор за наоѓање на ново работно место, но квалитетното мотивационо писмо може да ја направи разликата во моментот кога работодавецот ќе треба да одбере помеѓу неколкуте финални кандидати за работното место.

Најчестите дилеми се околу должината на мотивационото писмо, формалноста на неговата содржина и работите кои треба да бидат вметнати во него.

Според работодавците, најдобро е мотивационото писмо да биде формално напишано и содржината да изгледа уредно и прегледно. Бидејќи секогаш се почнува од адресата и личните детали, најдобро е вашата адреса, личното име и презиме, како и вашата e-mail адреса да ги напишете во десниот горен агол и да се обратите на потенцијалниот работодавач со „Драг господине/госпоѓо“ или некоја варијација на овој израз. Доколку сте мрзеливи и не сакате да ги поминете овие чекори, тогаш можете да се послужите со некоја од готовите верзии кои можат да се најдат на интернет.

Мотивационото писмо не треба да биде многу долго, бидејќи последна работа која сака да ја прави работодавецот е да изгуби време читајќи бескрајни писма од повеќе кандидати. Идеалната должина е една страна од А4 формат. Експертите за посредување на работни места велат дека работодавците веднаш ги отфрлаат генеричките, набрзина напишани мотивациони писма. Затоа, пробајте вашето мотивационо писмо да го направите оригинално и единствено.

Што се однесува до содржината, најдобро е во кратки црти да објасните зошто сакате да работите на работното место за кое аплицирате, зошто мислите дека вие сте вистинскиот кандидат и како можете да придонесете за успех на компанијата. Една од најголемите грешки е да се преувеличите себеси, бидејќи тоа изгледа неуверливо и надмено, со што ви се намалува шансата за добивање на работното место.

Ако во вашето CV имате набројано 20 квалитети, но само 4 од нив се релевантни за работното место, тогаш не губете време со останатите 16. Мотивационото писмо треба да биде концизно и лесно за читање, па затоа најдобро е да ги наброите само четирите кои ќе ве доближат чекор поблиску до работата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе