Како да го направите интернетот на вашиот мобилен побрз и побезбеден?

Сè уште не сте почнале да користите приватен DNS? Време е ако сакате побрзо и побезбедно искуство во сурфањето, но и ако барате решение за блокирање на досадните реклами.

Сурфањето на интернет преку телефон носи одредени ризици, особено ако се поврземе на непозната мрежа или посетуваме ризични локации. За среќа, постои начин да бидете позаштитени од злонамерните актери. Станува збор за користење на приватен DNS, кој покрај дополнителен слој на безбедност, може дури и да го забрза читањето на страници и апликации кои користат интернет.

Вашиот паметен телефон веќе ги има сите потребни алатки, само треба да внесете една адреса. Сепак, ајде прво да објасниме што всушност правите.

Што е DNS и зошто да го менувате?

DNS значи Domain Name System. Тоа е децентрализиран основен интернет сервис кој ги преведува текстуалните во нумерички ознаки и обратно. Бидејќи интернет комуникацијата се заснова на нумерички IP адреси, DNS е причината зошто google.com го пишуваме на тој начин, а не како 142.251.208.142, на пример.

Стандардно, вашиот паметен телефон ги користи DNS-серверите на интернет-провајдерот на чија мрежа е поврзан. Овие сервери многу често функционираат совршено добро, но тие не се секогаш најдобрата опција. Тука влегуваат во игра приватните DNS провајдери, а еден од најпопуларните е несомнено Cloudflare.

Зошто би сакале да се префрлите на Cloudflare DNS? Одговорот е едноставен - се знае што можете да очекувате. Cloudflare нуди брз превод, што често значи побрзо читање на страниците, подобро искуство во сурфањето, но и побрзо функционирање на апликациите кои влечат содржина од интернет.

Покрај добрите перформанси, овој DNS сервис обезбедува дополнителна безбедност, како што се DNSSEC и DNS-over-HTTPS, но можеби најважното од сè - не води евиденција за вашата активност на интернет.

ЗАБЕЛЕШКА: DNS и VPN не е исто. VPN го шифрира вашиот сообраќај, кој потоа го пренасочува на сопствените сервери за да ја скрие вашата IP адреса. Давателот не може да види кои страници ги посетувате кога користите VPN, но може кога ќе го промените вашиот DNS сервис.

Како да го смените DNS сервисот на вашиот телефон?

Кога ќе го промените давателот на DNS на вашиот паметен телефон, таа промена се однесува и на Wi-Fi и на мобилната мрежа. Менувањето на DNS не е тешко, но патот до посакуваната опција се разликува од производител до производител, бидејќи користат различна терминологија и групни поставки на различни начини. За почеток, отворете ги поставките на телефонот.

Ако имате телефон Samsung, посакуваната патека е Settings > Connections > More connection settings > Private DNS. Од понудените, изберете ја опцијата Private DNS provider hostname, во полето подолу внесете one.one.one.one и потоа одете на Save.

За Xiaomi телефоните, одете на следната патека:  Settings > More connectivity options > Private DNS. Изберете ја опцијата Private DNS provider hostname, потоа Custom name. Во полето за внесување напишете one.one.one.one и потоа одете на Save.

Ако поседувате телефон Huawei, ќе ја најдете посакуваната опција со одење до Settings > More Connections > Private DNS. Изберете ја опцијата Configure Private DNS, потоа во полето подолу внесете one.one.one.one.

Како што можете да видите, без оглед на производителот, крајната дестинација е секогаш Private DNS. Ако не сме го навеле брендот на вашиот телефон, отворете ги поставките и во полето за пребарување внесете Private DNS за да ја пронајдете саканата функција.

ЗАБЕЛЕШКА: Ве молиме имајте предвид дека Cloudflare DNS серверите повремено може да се прекинат. Во тие ретки ситуации, нема да можете да пристапите на интернет од вашиот паметен телефон. Ако е така, вратете се на Private DNS поставките и привремено изберете ја опцијата Auto DNS.

Филтрирање на малвер, содржина за возрасни и блокирање реклами

Покрај сето горенаведено, давателот на DNS може да блокира и одредена содржина. Во случајот со Cloudflare, оваа услуга нуди блокирање на познати сајтови каде што може да се заразите со малициозен софтвер (малвер), како и блокирање на содржина за возрасни.

За да блокирате само ризични дестинации што можат да ве заразат со мавер, следете ги чекорите што веќе ги наведовме, но наместо one.one.one.one внесете security.cloudflare-dns.com.

Ако сакате да додадете блокирање содржини за возрасни на блокирањето на малвер, наместо security.cloudflare-dns.com внесете family.cloudflare-dns.com.

Ако сакате вашиот DNS да блокира реклами, Cloudflare нема да ви помогне, но ќе ви помогне AdGuard. Овој DNS провајдер ќе блокира голема количина реклами на различни сајтови и апликации. Сè што треба да направите е во полето Private DNS да внесете dns.adguard.com.

Сепак, иако несомнено ќе ви биде корисно, AdGuard не може да препознае реклами што се сервираат од истата IP адреса што ја посетувате. Со други зборови - нема да ги блокира рекламите на YouTube. Исто така, имајте на ум дека серверите на овој провајдер, според нашето искуство, се поподложни на падови.

реклама

Се врати една од најдобрите серии, новата сезона е помрачна од претходните

Read more

Зголемена жед и чести главоболки може да бидат симптоми на опасна здравствена состојба

Read more

Поправете ја грешката што многумина ја прават при подготовката на палачинки

Read more

Младиот кинески бренд Kaiyi ќе извезува автомобили и во Европа, SUV X7 iHD има багателна цена во Кина

Read more

Интернет

Како да го направите интернетот на вашиот мобилен побрз и побезбеден?

Read more

Македонија има најбрз интернет на Балканот

Read more

7 работи што може да го блокираат вашиот Wi-Fi сигнал

Read more

Одличната функција од Android доаѓа и на PC и Apple компјутерите

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Посрамотен, поразен и без екипаж: Starliner на Boeing се врати на Земјата од вселената

Читај повеќе

Побрзиот и помоќен Bluetooth 6.0 носи подобрувања

Читај повеќе

Зошто морето се пени? Ја истражуваме науката зад морските меурчиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Преземете ја бесплатно Football Manager 2024

Читај повеќе

Решена мистерија стара 60 години: Откриено невидливо поле во Земјината атмосфера

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали праисториските луѓе хибернирале?

Читај повеќе

Зборувавте за нешто и почнаа да ви се појавуваат реклами?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астероидот што се појави одненадеж изгоре над Филипините

Читај повеќе

X има нова опција за корисниците на iPhone - како да ја користите?

Читај повеќе