Ви здодеа распоредот во станот? Сакате да го преуредите но немате доволно пари? Ви предложуваме неколку начини како да го освежите ентериерот.
Имате проблем со нискиот плафон? Поставувањето завеси може да ви помогне. Не само што ќе направат илузија на висок плафон, туку и ќе го освежат просторот, ќе му дадат топлина и чувство на комфор.
Доколку на собата ѝ недостига креативен детаљ, купете јастучиња. На едноставен начин ќе го освежите нејзиниот изглед. Изберете различни дезени и големини.
Доколку на ѕидот ви се појавила некаква пукнатина, тогаш купете огледало. Големото огледало на ѕидот прави оптичка илузија и собата ќе изгледа пространа.
Сакате бои и свежина? Овошјето ставете го на маса во украсна стаклена чинија, или купете букет цвеќе. As simple as that.
Едноличен ентериер? Изберетe декоративни предмети во жолта боја. Истакнете ги сите детали, книги, списанија на полицата.