Софтвер

Како да го отклучите телефонот ако сте ја заборавиле лозинката?

23. септември 2018 - 18:04 | А.С.

Често ја заборавате лозинката за отклучување на мобилниот телефон? Без паника, не мора да го ресетирате телефонот.

Порано внесувавме шифра или ПИН код, а денес телефоните може да ги отклучиме со препознавање на лице и отпечаток на прст.

Сепак, многу лесно може да ја заборавите шифрата, односно лозинката, особено ако користите повеќе уреди истовремено.

За да не мора да го ресетирате телефонот и со тоа да изгубите важни податоци складирани внатре, сѐ што треба да направите е уште сега, како мерка на претпазливост, да ја инсталирате апликацијата Android Device Manager, а ако веќе ја имате, да ја активирате.

Преку PC или лаптоп внесете ја адресата https://www.google.com/android/devicemanager и вашиот мејл на Gmail и лозинката за електронската пошта.

Изберете ја опцијата Lock, внесете нова шифра/лозинка и повторно кликнете на Lock.

Коментирај