Здравје
Трикови кои помагаат

Како да го победите хроничниот замор?

11. септември 2013 - 10:31 | Кајгана

Милиони луѓе секојдневно се жалат на хроничен замор, а повеќето го поврзуваат ова со напорната работа и недостатокот на време. Меѓутоа, чувството на хроничен замор и исцрпеност може да биде и последица на секојдневните навики: храната која ја јадеме, начинот на кој спиеме, како се справуваме со емоциите... Проучете ги сите фактори и еднаш засекогаш ослободете се од хроничниот замор.

Обрнете внимание на исхраната
Зошто после оброк од тестенини или кинеска храна одеднаш се чувствувате омлитавено и поспано, a недоволното пиење вода предизвикува заборавеност и збунетост? Факт е дека прехрамбените навики имаат важна улога во начинот на кој функционирате во текот на денот.

Доручкувајте 
Дури и кога не чувствувате глад, бидејќи после доручекот ќе се чувствувате многу поенергично. 

Јадете на секои три до четири часа 
Консумацијата на три главни оброци и два помали во текот на денот ќе го задржат нивото на шеќерот во крвта и нивото на енергија стабилни преку целиот ден. Но, не треба да претерувате со порциите. Поголемите оброци бараат повеќе енергија за варење, па може да се чувствувате летаргично. Погрижете се со секој оброк да внесете мешавина од јаглехидрати (кое телото ги користи за создавање енергија ако е потребно) и здрави масти како оние во рибата, оревите и маслинките (мастите ќе придонесат за чувството на задоволство, па поретко ќе посегнувате по благо).

Зајакнете го мозокот со омега-3 масните киселини
Омега-3 масните киселини имаат важна улога во одржувањето на здравите мозочни клетки.

Пијте доволно течност
И најмала дехидрираност може да предизвика засилена работа на срцето за крвта да стигне до клетките и органите, што може да предизвика замор. 

Внимавајте на внесувањето на кофеин во попладневните часови 
Консумацијата на умерена количина кофеин, околу 200-300 милиграми, што е количина која се наоѓа во две до три шолји кафе, може да ве направи енергични и будни во попладневните часови. Но, кога кофеинот се консумира во поголеми количини, посебно во попладневните и вечерните часови, квалитетот на сонот може да биде нарушен, а наредниот ден да се чувствувате исцрпено. 

Дишете длабоко
Кога сме под стрес, често дишеме плитко, земајќи брзи и кратки воздишки. На овој начин се намалува дотокот на кислород до мозокот и телото, па брзо се чувствуваме исцрпено. Дишете длабоко и смирено.

Одмарајте
Кога имате многу обврски, најдобро е да ги завршите прво оние кои највеќе ве оптеретуваат и кои не ви дозволувата спокојно да спиете. Доколку не спиете добро, вашата енергија, позитивност, продуктивност и меморија сигурно ќе страдаат.

По осум часот навечер, изгаснете ги телевизорот и компјутерот
Светлината која ја емитираат екраните му смета на сонот, а поради лачењето на хормонот мелатонин мозокот ќе мисли дека уште е ден и никако ќе не може да заспиете.

Коментирај