Живот

Како да го победите стравот од летање?

11. јули 2019 - 12:21 | Б.С.Б.

Сакате да летувате на егзотични дестинации, но имате страв од летање? Тогаш вашиот одмор нема да почне онака како што треба. Повеќето туристи бираат да патуваат со авион за побрзо да стигнат до посакуваните дестинации, но настанува проблем ако имате страв од летање.

Одвоивме неколку совети за тоа како да се однесувате доколку имате страв од летање:

1. Разговарајте со стјуардот

Најискусни патници се токму оние чија работа е секојдневно да летаат од една дестинација до друга. Нивна работа е вие да се чувствувате комотно и затоа ќе се потрудат да ви го олеснат патувањето и да ви одговорат на кое било прашање поврзано со летот.

2. Слушалки за музика

Еден од најдобрите начини да се опуштите е музиката. Можете да слушате музика, аудио книга или нешто сосема трето.

3. Вода

Дехидрацијата може да доведе до стрес и несвестица, затоа им се советува на патниците кои имаат страв од летање да пијат доста вода.

4. Избегнувајте алкохол

Алкохолот може да предизвика главоболки и мачнини. Не е баш посакуван метод за ослободување од стрес во текот на летање.

5. Размислувајте за вашиот одмор

Ако ништо од веќе наведеново не помогне и чувствувате преголем страв тогаш размислувајте за вашата конечна дестинација. Сепак, веќе сте се качиле во авион бидејќи сакате да одите на одмор во преубава дестинација и да уживате, а дотаму да стигнете што побрзо. Сега можеби не сте во најдобро опкружување, но од минута во минута сè повеќе сте до посакуваната цел.

Коментирај