Живот

Како да го победите стравот од возење?

19. октомври 2017 - 14:30 | М.Д.

Ако сте дел во авто – школа или штотуку сте завршиле со тоа, а не ви е сеедно, прочитајте неколку совети за тоа како да го надминете стравот од возење.

Возењето на автомобил за многумина е составен дел од секојдневието. Секојдневно се зголемуваат бројот на возила по патиштата, но расте и бројот на сообраќајни несреќа и незгодни ситуации.

Со тоа што се случуваат вакви немили настани, оние кои допрва треба да се појават со своите автомобили на патиштата, добиваат чувство на страв и паника.

Многумина посетители на авто – школи се соочуваат со страв од возење пред прв пат да седнат зад воланот. Се случува поединечни лица возачкиот испит да го поминат од прва и рутински да се стекнат со возачка дозвола, но никогаш да не бидат активни шофери.

Зошто е тоа така?

Главна причина е стравот, кој се јавува поради незнаење, но и поради непознати работи, во овој случај во сообраќајот.

Меѓутоа, едно е да се биде свесен за реалните ризици при возење, а друго е да се препушти стравот да управува со вас и да влијае веќе никогаш да не седнете на возачкото мето во автомобил.

Како настанува и како се зголемува стравот од возење?

За да се објасни стравот од возење прво треба да се објасни како се појавува.

Професор по психолохија, Стенил Рахман, во својата теорија од 1977 година, вели дека стравот се стекнува со еден, два или комбинација од три начини на учење.

Првиот начин на учење ни зборува дека стравот можеме да го стекнеме преку некое директно искуство или класично кондиционирање. Класичното кондиционирање се однесува на поврзување на некој неутрален причинител со незгоден настан.

Во овој случај, автомобил – неутрален причинител учествувал во сообраќајна несреќа – незгоден настан.

Вториот начин на учење е преку следење на искуствата на другите.

Третиот начин е стекнување на страв преку искуства и информации од други. Стравот од возење се зголемува со возење со голема трема. Во поединечни екстремни случаи се појавува и вртоглавица и повраќање. Сепак, експертите тврдат дека таквите ситуации не се чести.

Што велат истражувањата?

Психолохот Елерс и неговите соработници се обиделе да дефинираат страв од возење во зависност од главната работа која лицата ја навеле како причина за фобија.

Врз основа на истражувањата биле формирани три групи: Првата група ја сочинуваат лицата кои веќе имале трауматично искуство, другата група ја сочинуваат лица со панични напади и трета со лица кои страдаат од агорафобија (ирационален страв кај лица кои се јавува кога ќе се најдат на места каде бекството е невозможно, или во ситуации во кои помошта нема да стигне на време).

Тие откриле интересни резултати кои покажале дека трауматизираните лица најмалку се загрижени поради губење на контрола при возење. Тие дури не се воопшто позагрижени од останатите групи.

Што велат иснструкторите по возење?

Се повеќе шофери се соочуваат со „фобија од волан“, која ги спречува да седнат зад воланот, да се опуштат и нормално да возат. Како последица на стравот имислуваат причини за да избегнат да се најдат зад воланот.

Најчесто се повикуваат на лоши временски услови и дека не се чувствуваат најдобро.

Инструкторите на авто – школи често се сретнуваат со ваков тип на луѓе, кај кои стравот преовладува во голема мерка. Не е редок случај да и доаѓаат и ученици со голема доза на страв првенствено поради лоши настани кои им се случиле во минатото.

Со нив тие велат дека треба да се работи смирено и полека, чекор по чекор, за стравот да се избрише со искуство и знаење. Експертите велат дека незнаењето создава страв и тензија која не спречува да ја достигнеме целта. Со поголемо знаење се доаѓа до искуство, односно подобро и посигурно возење. Стравот ќе исчезне, а потоа ќе можеме да уживаме не само во возењето, туку и во другите секојдневни активности.

Совети

Психолозите можат да помогнат при отргнување на стравот од возење.

Доктор Алан Ајенстат наведува дека стравот има четири компоненти: емоционална, физиолошка, когнитивна и однесувачка.

За пациентот успешно да го победи стравот мора да работи на секоја од овие компоненти. Тоа се прави преку техники за опуштање, како да се размислува позитивно, но и како да се управува со комплицираните услови на патиштата.

Возачот треба да се поттикнува да вози што повеќе, прво да си постави полесни задачи кои ќе ги обработи во сообраќајот, а потоа и постепено да ја зголемува „тежината“.

Постојаното возење и секако дополнителното искуство ќе помогнат во тоа стравот успешно да биде надминат. 

Коментирај