Како да го регулирате високиот крвен притисок без лекови?

Покачениот крвен притисок се поврзува со срцеви заболувања и болести на бубрезите, но зошто воопшто се јавува покачен крвен притисок и како да го регулирате?

Многу луѓе во Македонија ги мачи покачен крвен притисок или хипертензија, што е најчест здравствен проблем во современиот начин на живот. Сепак, многу луѓе не знаат што е покачен крвн притисок и што го предизвикува.

Крвниот притисок го одредуваат два броја: систолниот притисок (поголемиот број), односно силата со која срцето пумпа крв во телото, и дијастолниот притисок (понискиот број), односно отпорот на протокот на крв во крвните садови. Се смета дека идеалниот крвен притисок е меѓу 90/60mmHg и 120/80mmHg.

Што предизвикува покачен крвен притисок?

Крвниот притисок е постојана тема на научни истражувања, а се поврзува со различни избори на начин на живеење, од пушење канабис, претерано користење интернет, јадење компири...

Не е секогаш јасно што точно го предизвикува покачениот крвен притисок, но некои навики сосема сигурно го зголемуваат ризикот.

Прекумерната дебелина, претераното внесување сол во исхраната, недоволното јадење овошје и зеленчук, претераното конзумирање алкохолни и кофеински пијалаци, пушењето, нереовното спиење и недоволна количина на сон се само дел од причините за зголемување на крвниот притисок.

Што може да направите?

Ако правите сѐ или барем нешто од овие работи, не е доцна, бидејќи можете да ги смените лошите навики и така да ги намалите ризиците и да го контролирате крвниот притисок.

Доктор Ентони Балдузи нуди совети за тоа како на природен начин, преку измени во исхраната и лесна физичка активност, да го регулирате високиот крвен притисок.

Низок крвен притисок

Јасно ни е дека не е добро да имате покачен крвен притисок, но не е добро и ако е многу низок.

Нискиот крвен притисок не мора да биде знак дека нешто не е во ред, но може да биде причина за губење свест, чувство на слабост, вртоглавици, моментално замаглување на видот и слично.

Ако имате некој од овие симптоми кога нагло станувате или ја промените положбата на телото, можно е да имате низок крвен притисок.

Низок крвен притисок може да имате и ако сте фит и здрави, но причините може да бидат бременост, дијабетес и земање одредени лекови.

Во секој случај, ако забележите промени на крвниот притисок, не се обидувајте да го решите на своја рака. Може да имате исти симптоми како некој друг, но тоа не значи дека може да ви помогне истата терапија. Побарајте помош од лекар и држете се до препораките и препишаната доза на лекови.

реклама
Која е најубавата земја на светот?

Која е најубавата земја на светот?

Read more
Нов луксузен проект во Дубаи: Хотел со сопствена прашума

Нов луксузен проект во Дубаи: Хотел со сопствена прашума

Read more
Тинејџерот кој го надмудри киднаперот на школски автобус во Италија ќе добие италијанско државјанство

Тинејџерот кој го надмудри киднаперот на школски автобус во Италија ќе добие италијанско државјанство

Read more
Облачно и постудено со сончеви периоди

Облачно и постудено со сончеви периоди

Read more

Здравје

Што ќе се случи ако јадеме само еднаш дневно?

Read more

Насмеани, а депресивни: Како да ги препознаете знаците на најопасната депресија?

Read more

COVID-19 е опасен за мозокот дури и по оздравувањето

Read more

Пет видови намирници што треба да ги консумирате секој ден

Read more
 

Магазин

Како изгледала Европа во Леденото доба?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откопан волнен носорог стар 20 илјади години

Читај повеќе

Пет ефикасни совети за подобра организација на времето

Читај повеќе
  • play_arrow

Паднат џин: Демолирање на 40-метарска кула

Читај повеќе
  • play_arrow

Првата панда родена во Јужна Кореја стана хит на интернет

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ќе се случи ако јадеме само еднаш дневно?

Читај повеќе

Даваат енергија, но бананите не се добар избор за појадок

Читај повеќе

Бил Гејтс: Сиромашните земји ќе добијат вакцини 6 до 8 месеци по богатите земји

Читај повеќе

Насмеани, а депресивни: Како да ги препознаете знаците на најопасната депресија?

Читај повеќе